Свет
Асанж останува во амбасадата на Еквадор во Лондон

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, изјави дека САД треба да се откажат од `неморалната` истрага за неговата интернет страна и дека ќе остане во амбасадата на Еквадор во Лондон сè додека тоа не се случи.
Асанж се засолни во оваа дипломатска мисија во јуни за да избегне испорачување на Шведска, која го бара за да го испита за наводите дека сексуално злоставувал две жени.
Тој стравува дека ќе биде префрлен во САД, каде може да му се суди за шпионажа, откако Викиликс почна да објавува доверливи депеши на американските дипломатии.
Австралијанецот за CNN вели дека САД со истрагата го крши првиот амандман на својот Устав и сите принципи на кои се заснова американската власт.
„Постои обид да бидам испорачан без какво и да е обвинение или докази, наводно, за да бидам испитан. Во меѓувреме, и ФБИ се ангажира во подготовката на овој случај“, вели Асанж.
Додава дека во амбасадата живее како во вселената.
„Немам природно светло. МОра сами да правите се за себе. Не може да одите да купите нешто. Но, јас сум во изолација, а знам како им е на затворениците. Овде е многу подобро отколку што им е на затворениците“, вели Асанж.
Неговата интернет страна во четвртокот почна да објавува 100 фајлови на американското Министерство за одбрана кои содржат детали за правилата на притвор во логорите во Ирак и заливот Гвантанамо во годините по нападите на САД на 11 септември 2001 година./крај/cnn/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.