Контакт

Свет

Претседател наредил да се уапси неговиот син оти не платил хотелска сметка

Објавено пред

Претседателот на Централноафриканската Република, Франсоа Бозиз нареди неговиот син да се уапси бидејќи одбил да плати сметка во износ од 12.000 евра.

dobivaj vesti na viber

„Капетан Кевин Бозиз е притворен по наредба на шефот на државата “ изјавил полициски извор за АФП.

Синот на претседателот поминал неколку дена во хотелот „Леџер плаза“ и не ја платил сметката за собата, оброците и другите услуги. Се проценува дека направил сметка од осум милиони франка или 12.000 евра.

Младиот Бозиз е уапсен на 6 ноември и се наоѓа во истражните простории на националната полиција.

„Кога управникот на хотелот побарал од него да ја плати сметката, тој го одбил тоа. Кога дознал за инцидентот неговиот татко, ги повикал двајцата. Кевин пред управникот рекол дека престојувал во хотелот и дека ги платил сметките. Двајцата биле однесени во националната полиција и кога било утврдено што се случило, управникот бил ослободен“ рекол изворот на АФП.

Изворот вели дека, шефот на државата тогаш сфатил дека и други службеници, особено воените, некогаш се нашле во слична ситуација и им наложи да ги платат своите сметки или ризикуваат да бидат одведени пред судот. /крај/бл/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Руски дрон леташе над Анџелина Џоли во Украина: „Заканата беше постојана“

Објавено пред

Холивудската актерка и хуманитарка Анџелина Џоли ги опиша застрашувачките моменти од нејзиното неодамнешно патување во Украина, каде што беше принудена да се засолни додека руски дрон леташе над нив.

dobivaj vesti na viber

Додека ги посетуваше семејствата што живеат на фронтот, Џоли од прва рака беше сведок на секојдневните опасности со кои се соочуваат Украинците, пишува „Киев Индепендент“.

Таа ги сподели застрашувачките детали на својот Инстаграм профил.

„Заканата од беспилотни летала беше постојана, силно присуство. Се слуша тивко зуење на небото“, напиша Џоли.

„Имаше момент кога моравме да застанеме и да чекаме додека дронот леташе над нас. Јас бев во заштитна опрема, а за мене тоа беше само неколку дена. Семејствата тука живеат со ова секој ден.“

Џоли отпатува во воено разорената јужна Украина на 5 ноември во соработка со британската фондација „Legacy of War“. Ова не е нејзина прва посета на земјата откако започна инвазијата – во пролетта 2022 година, таа го посети Лавов и се сретна со внатрешно раселени лица.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Воздухот во Загреб во црвена зона: „Не е добра идеја да се трча или игра фудбал надвор“

Објавено пред

Густа магла се насобрала над Загреб, а со неа и опасно загадување на воздухот кое трае со денови. Официјалните мерења покажуваат дека главниот град е во „црвената“ зона, што значи дека квалитетот на воздухот е лош и може да има штетно влијание врз здравјето, а најпроблематични се PM честичките 2,5 кои лесно продираат во белите дробови, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Катастрофа. Да знаевме, немаше ни да излеземе со нашето бебе. Сега трчаме дома штом слушнавме дека е црвено. Бебето има два месеци“, вели Иван од Загреб во изјава за „РТЛ“.

Другите граѓани не се изненадени. „Ништо изненадувачки. Магла, нема ветер, зима. Кога нема ветер, воздухот не може да се прочисти“, коментира Драгослав, додавајќи дека лошиот воздух во Загреб „може да се почувствува речиси секогаш“, исто така и поради Јакушевац.

Мерните станици повторно во црвена боја утрово
Што се однесува до ситуацијата утрово, веб-страницата на Министерството за заштита на животната средина покажува дека мерните станици Загреб 1, Загреб 2 и Загреб 3, повторно се во црвена боја утрово.

„Избегнувајте физички активности на отворено“
Бранко Колариќ, директор на Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, предупредува на претпазливост.

„Кога квалитетот на воздухот е лош, советуваме да не се прави интензивна физичка активност на отворено. Кога нема ветер или дожд, смогот е видлив со голо око и не е мудро да се трча или игра фудбал надвор“, вели тој за „RTL“.

Тој објаснува дека станува збор за честички од саѓи и пепел. „Хемиските соединенија што би можеле да бидат поопасни не се покачени, туку се во нормални граници. Ова загадување е типично за зимските месеци и грејната сезона“, рече Колариќ.

Критично и во други градови
Иако Загреб моментално е во фокусот, ситуацијата не е многу подобра во другите делови на Хрватска.
„Граѓаните се со право огорчени. Пред десет години ми кажаа дека моите здравствени проблеми се поврзани со загадувањето на воздухот“, вели Мирослав од Славонски Брод.

Здружението Еко-Интеграл, кое со години предупредува за проблемот во Славонски Брод, вели дека ова е најкритичниот дел од годината.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

САД понудија 10 милиони долари за неговата глава: сега тој е почесен гостин на Трамп

Објавено пред

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа, во историска прва официјална посета на сириски лидер откако земјата стекна независност во 1946 година. Се очекува тој да побара целосно укинување на преостанатите санкции воведени врз неговата земја, разурната од војна, објавува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Ахмед ал-Шаара, чии исламистички бунтовнички сили го соборија долгогодишниот владетел Башар ал-Асад кон крајот на минатата година, се обидува да го убеди американскиот претседател да ги укине економските ограничувања воведени за време на 13-годишната граѓанска војна, тврдејќи дека тие повеќе не се оправдани.

Неговиот советник за медиуми Ахмед Зејдан изјави за саудиската телевизија „Ал Арабија“ дека најважното прашање на дневен ред е укинувањето на Законот за цивилна заштита во Сирија од 2019 година (Caesar Act), со кој се воведоа сеопфатни санкции поради кршењата на човековите права од страна на Асад.

Трамп првпат се сретна со сирискиот лидер минатиот мај во Ријад. Пред состанокот, тој го пофали пред новинарите како „млад, привлечен човек. Цврст човек. Со силна позадина. Со многу силна позадина. Борец“. По состанокот, Трамп нареди укинување на повеќето санкции, што претставува голема промена во политиката на САД.

Сепак, Caesar Act останува на сила и ќе биде потребно гласање во Конгресот за трајно укинување. Тоа е неверојатен пресврт за ал-Шара, поранешен лидер на бунтовничката група што ја предводеше операцијата за соборување на Асад и за чија глава американската влада еднаш понуди награда од 10 милиони долари.

Минатиот четврток, Вашингтон го предводеше гласањето во Советот за безбедност на ОН за укинување на санкциите на ОН против него лично. Во септември, ал-Шара, поранешен џихадист некогаш поврзан со Ал Каеда, стана првиот сириски претседател по децении што се обрати пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет3 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа3 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет4 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа4 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складишен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа4 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија12 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ13 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија16 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија18 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија21 час

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија23 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет3 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...