Свет
Верижен судар во Тексас, 80 повредени
Осумдесет луѓе се повредени во верижен судир на повеќе од 50 возила во Тексас, предизвикан од густата магла, јави ЕнБиСи телевизијата.
Сударот се случил на државниот пат во близина на градот Бомом во Тексас, околу девет часот наутро по локално време.
Американската телевизија наведува дека верижниот судар бил предизвикан заради густата магла, заради која на патот имало колона возила долга повеќе од три километра.
Голем број луѓе се повредени, од помали посекотини, до скршени коски, но за среќа нема настрадани. Патот и натаму е затворен. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Украина има сериозни проблеми
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за завршување на војната во Украина, велејќи дека постои „добра шанса“ за договор.
Зборувајќи во авионот „Ер Форс Уан“, тој рече дека Украина има „сериозни проблеми“ и дека скандалот со корупција во земјата „не помага“. Претседателот не одговори на новинарското прашање дали скандалот ќе ги попречи мировните преговори, но кратко потоа додаде: „Мислам дека постои голема шанса да постигнеме договор“.
Трамп го повтори своето верување дека и Русија и Украина сакаат крај на војната. Тој потврди дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва оваа недела, но не даде точен датум за состанокот.
Виткоф, државниот секретар Марко Рубио и други американски претставници вчера се сретнаа со украинска делегација во американската држава Флорида за да разговараат за можен мировен план. Планот на САД од 28 точки за ставање крај на конфликтот во Украина беше неодамна објавен, но многумина го критикуваа како „руска листа на желби“.
Европејците и Украинците подоцна го ревидираа планот со американски претставници, иако некои спорни точки остануваат.
Порано во ноември, украинските антикорупциски агенции открија дека истражуваат мултимилионски корупциски скандал во енергетскиот сектор.
Министерката за енергетика Свитлана Гринчук и нејзиниот претходник, Херман Халушченко, кој се префрли на чело на Министерството за правда, последователно поднесоа оставки, а неколку лица беа уапсени. Главниот осомничен, Тимур Миндич, поранешен деловен соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, избега од земјата и по него е издадена потерница.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.

