Свет
Северна Кореја, сепак, ја лансираше ракетата
Северна Кореја успешно ја лансирање во средата ракетата со долг дострел со што повторно ја предизвика осудат ана меѓународната заедница која дополнително ги нагласи заканите што оваа сиромашна и изолирана земја ги претпоставува за своите соседи во Азија.
Северна Кореја тврди дека ракетата со долг дострел „Инха-3“ е лансирана за во орбитата да го постави метеоролошкиот сателит „Кванменсон-3“., додека САД, Јапонија и соседот Јужна Кореја сметаат дека ова лансирање претставува само тест за технологијата со којашто комунистичкиот режим во Пјонгјанг еден ден би можел со нуклеарни боеви глави да достигна оддалечени цели, како на пример, континенталните делови на САД.
„Сателитот влезе во планираната орбита“, објави триумфално во средата наутро севернокорејската државна телевизија, откако на програмата биле емитувани патриотски и револуционерни песни, пренесува Reuters.
Лансирањето било успешно за разлика од обидот во април годинава кого ракетата од исти тип падна во морето по помалку од две минути лет, соопштија јапонските и јужнокорејските функционери од одбраната на двете земји кои со големо внимание ги следат активностите на севернокорејската ракетна програма.
Командата на одбраната на северноамериканскиот воздушен простор (NORAD) објави дека „изгледа дека лансираниот објект влегол во орбитата“, што е претставува првата независна потврда на тврдењата на Пјонгјанг.
Северна Кореја ја лансираше ракетата и покрај тоа што пред неколку денови објави дека поради технички проблеми ќе го одложи лансирањето на ракетата коешто беше првично закажано за периодот меѓу 10-ти и 22-ри декември. Во вторникот јужнокорејските воени власти врз основа на анализа на сателитски снимки од севернокорејскиот ракетен центар Шохеи, објавија дека се забележани активности, но според нив стануваше збор за повлекување на ракетата од просторот за лансирање.
Лансирањето го осудија САД, Јапонија, Јужна Кореја и Русија, бидејќи со него се прекршени резолуциите на Обединетите нации коишто на Северна Кореја и’ забрануваат развој на ракетна и нуклеарна технологија. Дури и Кина, којашто е единствениот сојузник на Северна Кореја, изрази „длабока загриженост“ поради лансирањето на ракетата.
Вашингтон лансирањето го осудија како „провокација“, а Јапонија повика на одржување итен состанок на Советот за безбедност на ОН.
„Меѓународната заедница мора да дејствува заеднички за на Северна Кореја да и’ испрати јасна порака дека кршењето на резолуциите на Советот за безбедност на ОН имаат последица“, објави Белата куќа во соопштение.
Јапонија во понеделникот соопшти дека поради најавеното лансирање на севернокорејската ракета состојбата на боева подготвеноста на нејзината армија е подигнато на највисоко ниво. Во очекување на лансирањето групираше ракетни системи земја-воздух од типот „Patriot PAC-3“ во околината на главниот град Токио и на островот Окинава, а беа распоредени и три разурнувача опремени со ракети за пресретнување од типот „SM-3“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

