Контакт

Свет

Човечка грешка причина за уривањето на рускиот Суперџет 100 во Индонезија

Објавено пред

Истрагата за причините за несреќата на цивилниот суперџет на рускиот производител на авиони Сухој за време на демонстративниот лет, кога во мај во Индонезија загинаа 45 лица, покажа дека станува збор за човечка грешка.

dobivaj vesti na viber

Како што во вторник наведува Националната комисија за безбедност(КНТК) во сообраќајот, пилотот непосредно пред несреќата го исклучил системот за тревожење(ТАВС), иако тој нормално работел.

„ТАВС испраќал предупредувања за ‘пречки на земјата’ пред несреќата, по што уследиле уште шест предупредувања ‘за избегнување на пречки на земјата’. Пилотот на авионот го исклучил ТАВС мислејќи дека се појавил информатички проблем“, изјави претседателот на КНТК Татанг Курниади.

Истрагата покажа “намалена концентрација“ во пилотската кабина пред Суперџетот 100 да се урне на 9 мај на вулканот јужно од Џакарта, за време на демонстративен лет што требаше да ги потврди одличните карактеристики на леталото.

„Несреќата можела да се избегне доколку пилотот го исправил леталото 24 секунди по првото предупредување“, изјави Курниади на прес конференција.

Несреќата му зададе тежок удар на рускиот производител на авиони кој очекуваше дека со овој авион, прва цивилна во својот каталог, ќе го поправи угледот на руската воздухопловна индустрија по распадот на Советскиот сојуз.

Индонезиското Министерство за сообраќај неодамна сепак издаде потврда за способноста на Суперџет 100 за лет, оценувајќи дека ги почитува меѓународните и индонезиските стандарди.

Со таа потврда се дозволи продажбата на авионот на две индонезиски авиокомпании, кои веќе го имаа нарачано. Каталошката цена на Суперџет 100 е околу 23 милиони евра. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Голем протест во Аргентина против реформата на трудот

Објавено пред

Во Буенос Аирес избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на масовен протест против законот за реформа на трудот предложен од владата на Хавиер Милеј, пренесе агенцијата „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

Илјадници луѓе се собраа на Плоштадот на Конгресот на повик на синдикатите. Тензиите ескалираа кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон зградата на Сенатот, каде што се расправаше за реформата.

Според локалните медиуми, полицијата употребила солзавец, гумени куршуми и водени топови за да ги растера демонстрантите кои фрлале камења. Приведени се повеќе лица, а четворица полицајци се повредени. По неколкучасовни нереди, полицијата го расчистила подрачјето.

Протестите ги поддржа Општата конфедерација на трудот (CGT), како и повеќе партии и организации. Синдикалните претставници оценија дека реформата претставува чекор назад за работниците.

Предлог-законот предвидува формирање Фонд за помош на работниците за исплата на отпремнини, измени во нивната пресметка, промени во правилата за прекувремена работа и ограничување на правото на штрајк. Постојниот закон за работни односи во Аргентина датира од 1974 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Идентификувана жртва во масакрот во Канада, 12-годишната Кајли: „Срцето ни е целосно скршено“

Објавено пред

12-годишно девојче е идентификувано како една од шесте млади жртви убиени во масакрот во средно училиште во канадската покраина Британска Колумбија.

dobivaj vesti na viber

Кајли Меј Смит беше меѓу убиените кога трансродовата поранешна ученичка Џеси Ван Рутселар, 18, пукаше во средното училиште во Тамблер Риџ, според страницата GoFundMe поставена за нејзиното семејство.

„Вчера нашето семејство ја прими катастрофалната вест дека нашата прекрасна Кајли Меј е потврдена како една од жртвите на пукањето во училиштето во Тамблер Риџ“, напиша нејзината тетка, Шенон Дајк, во соопштение објавено на страницата за собирање средства.

„Имаше само 12 години. Ние сме целосно скршени и без зборови додека се обидуваме да ја разбереме големината на оваа ситуација“, напиша Дајк.

Вкупно девет мртви, напаѓачот ги убил и мајка си и полубратот
Вкупно девет лица беа убиени во пукање, вклучувајќи го и убиецот Ван Рутселар, кој почина откако се застрела себеси, соопшти канадската полиција.

Вооружениот напаѓач, кој се идентификувал како трансродова жена и пред околу шест години почнал транзиција од машко во женско, прво ја убил својата мајка, 39-годишната Џенифер Странг и неговиот 11-годишен полубрат во нивниот дом.

Потоа Рутселар го продолжил своето крваво дивеење во училиштето, каде што убил еден наставник и пет ученици, вклучувајќи три 12-годишни девојчиња и две момчиња, на возраст од 12 и 13 години.

Една жртва била пронајдена во скалиште, а другите очигледно биле пронајдени мртви во училишната библиотека, изјави заменик-комесарот на Кралската морнарица, Двејн Мекдоналд, на прес-конференција во среда.

Прикажи повеќе...

Регион

Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада

Објавено пред

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.

dobivaj vesti na viber

Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.

Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.

„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.

Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.

Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 час

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа2 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа2 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион2 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет2 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија12 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија18 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија19 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија20 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ21 час

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија23 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија24 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија24 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија1 ден

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа1 ден

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет1 ден

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет1 ден

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет1 ден

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...