Свет
Новата 2013 година дочекана ширум светот
Новата 2013 година беше пречекана ширум светските метрополи, со спектакуларни огномети и многу забава.
Над еден милион луѓе се собраа на плоштадот Тајмс Сквер во Њујорк за дочек на Новата година. Кулминација на забавата настана кога градоначалникот на градот, потпомогнат од група танчери, ја запалија традиционалната кристална топка точно една минута пред полноќ.
Спектакуларно беше прославата на пристигнувањето на новата 2013 година во Сиднеј, со пиротехничко шоу вредно седум милиони долари и специјален гостин, поп ѕвездата Кајли Миног.
Забавата потоа се пресели во Хонгконг, каде познатото пристаниште Викторија беше осветлено со прекрасни светла. Огномет имаше и во многу други азиски градови, вклучувајќи и за прв пат во Мјанмар.
Спектакулaрно изгледаше новогодишниот дочек и на највисоката зграда во светот Бурдж Халифа во Дубаи.
Во Велика Британија, и покрај врнежливото време, илјадници луѓе излегоа на брегот на реката Темза за го следат огнометот, а тркалото „Окото на Лондон“ беше осветлено во различни бои.
Во Русија претседателот Владимир Путин го имаше своето традиционално новогодишно обраќање, во кое повика на единство.
Во Рим папата Бенедикт XVI ја прослави Нова година во базиликата „Свети Петар“ со апел за солидарност до сиромашните и молба кон верниците од време на време да се запре, за да размислат, и покрај напорниот начин на живот.
„Треба да знаеме како да застанеме на момент и да размислиме. Ова е начинот на кој нашата душа ќе може да најде лек од неизбежните рани на секојдневниот живот“, порача папата. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.