Свет
Во сирискиот град Хомс најмалку 73 убиени

Сириската војска во четвртокот ги бомбардираше бунтовничките квартови во градот Хомс, како што јави сириската опсерваторија за човекови права од Лондон, пети ден по ред во што смртно настрадале 73 лица.
Во текот на ноќта во жестоките судири на сириските воени сили биле убиени шест бунтовници. Во Хомс, кој се смета за стратешки важен град во централниот дел на Сирија, од неделата биле убиени 31 војник, 16 бунтовници и 26 цивили, според податоците на Сириската опсерваторија за човекови права чие седиште е во Лондон а се повикува на сови активисти на теренот.
Според овие информации од боиштето, „војниците силно го бомбардираат Хомс со тешка артилерија, а на западниот фронт исто така продолжуваат жестоките борби“.
Во четвртокот сирискиот претседател Башар ал-Асад се појави на програмата на државната телевизија, по повод одбележувањето на денот на раѓањето на пророкот Мухамед. Во директниот пренос околу пладне по локално време тој ја изговори молитвата во џамијата Ал Афрам во северниот дел од престолнината Дамаск, во присуство на политичките и верските челници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател Владимир Путин за постигнување мировен договор со Украина – на само 10 до 12 дена.
„Да, ќе поставам нов рок од околу 10 или 12 дена од денес“, рече Трамп пред новинарите додека говореше заедно со британскиот премиер Кир Стармер во неговото голф-одморалиште во Тернбери, Шкотска.
„Нема причина да чекаме“, додаде претседателот. „Сакам да бидам дарежлив, но едноставно не гледаме никаков напредок.“
Трамп повторно му се закани на Путин со воведување на секундарни царини, велејќи: „Ќе бидат тоа санкции, можеби и царини, секундарни царини.“ Тој додаде дека не сака да ѝ наштети на Русија, но очекува некаков потег. „Со здрав разум би рекле дека некој би сакал да постигне договор“, изјави Трамп мислејќи на рускиот претседател. „Ќе видиме.“
Претходно во понеделникот, Трамп изјави дека ја скратува временската рамка бидејќи „мисли дека веќе го знае одговорот“.
„Мислевме дека неколкупати сме блиску до решение, а потоа претседателот Путин повторно започнува со ракетирање некој град како Киев и убива многу луѓе, во старечки дом или нешто слично“, рече тој.
На 14 јули, за време на средбата во Овалната соба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп вети воведување строги царини на трговските партнери на Русија доколку Путин не постигне договор со Украина во рок од 50 дена.
Трамп најави дека ќе воведе 100% секундарни царини, што значи дека секоја земја што ќе продолжи да тргува со Русија ќе мора да плаќа високи давачки за да може да продава производи на американскиот пазар.
Иако Русија веќе се соочува со широки санкции од Западот, сè уште активно тргува со земји како Индија и Кина.
Свет
Трамп: Ќе воспоставиме центри за храна во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека во Газа владее вистинскa глад и дека САД ќе воспостават центри за храна во регионот.
„Ќе воспоставиме центри со храна, без огради, за да се олесни пристапот“, изјави Трамп пред новинарите по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тернбери, каде што Трамп поседува имот со голф игралиште.
Тој додаде дека САД ќе соработуваат со други земји за да испратат повеќе хуманитарна помош за народот во Газа. Според Трамп, САД досега потрошиле 60 милиони долари за хуманитарна помош за Газа.
Стармер ја нарече хуманитарната ситуација во Газа „апсолутно неподнослива“ и порача дека помошта мора итно да се достави.
„Мора да ги поттикнеме другите земји да помогнат во испораката на помошта и да, тоа вклучува и вршење притисок врз Израел, бидејќи станува збор за хуманитарна катастрофа“, рече британскиот премиер.
Трамп исто така изјави дека во последно време е многу тешко да се преговара со палестинскиот Хамас, но дека со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговара за „разни планови“ за ослободување на израелските заложници, кои се во заробеништво повеќе од 20 месеци.
Тој нагласи дека ослободувањето на заложниците што Хамас ги држи во Газа е од клучна важност, посочувајќи дека милитантната група го променила ставот и одбива да ги ослободи. Хамас сè уште држи 54 заложници, од кои, според проценките, повеќето се веќе мртви. Меѓу нив има и двајца американски државјани.
Свет
Хакери го нападнаа московскиот аеродром, откажани 60 летови

Неколку десетици летови од московскиот аеродром беа откажани денес поради сајбер напад од проукраински хакерски групи, објавија властите.
Руската државна авиокомпанија „Аерофлот“ објави дека 60 летови од аеродромот Шереметјево се откажани поради прекини во ИТ системите. Експертите работат на рестартирање на серверите за да може да продолжи воздушниот сообраќај, додаде Аерофлот. Кремљ ги нарече извештаите поврзани со прекинот на воздушниот сообраќај вознемирувачки.
„Хакерските закани претставуваат опасност за сите големи авиокомпании“, рече портпаролот Дмитриј Песков. Проукраинските хакери ја презедоа одговорноста за нападот. Тие потврдија дека подготовките за нападот врз Аерофлот траеле една година.
Канцеларијата на главниот обвинител на Русија започна истрага за нелегалното хакирање на компјутерски системи. Украинските медиуми ги објавија изјавите на хакерите за нивниот „стратешки удар“ врз Аерофлот, велејќи дека ја презеле контролата врз целата ИТ инфраструктура и уништиле 7.000 сервери.
Тие исто така тврдат дека собрале 12 терабајти податоци и дека испратиле порака до ФСБ и другите агенции за сајбер безбедност во Москва дека не се во можност да ја заштитат критичната ИТ инфраструктура. Кибер нападот го наруши и домашниот и странскиот воздушен сообраќај на Шереметјево.