Свет
Кардиналите ја одржаа последната расправа пред конклавите
Кардиналите во понеделникот доцна попладне ја одржаа последната расправа за ситуацијата во Римокатоличката црква, ден пред да се повлечат во изолација од јавноста за да го изберат новиот Папа.
По ненадејното повлекување од папската должност на Бенедикт Шеснаесетти во февруари, кардиналите изминатата седмица неколкупати се состанува на која дебатираа какви квалитети треба да поседува човекот кој ќе ја води Римокатоличката црква, која е подјадена од педофилските скандали, корупциските афери и лошото урпававување.
„Последниот пат избравме човек со голема репутација, три или четири пати поголема од на кој и да е друг кардинал”, изјави францускиот кардинал Филип Барбарен мислејќи на Јозеф Ратцингер кој во 2005 година беше избран за Папа за само 24 часа.
„Тоа не е случај овојпат. Според тоа, мораме да одлучиме меѓу еден, двајца, тројца, четворица… десетина кандидати. Во овој момент се` е отворено. Мораме да ги сочекаме резултатите од првото гласање”, додал Бербарен, кого го цитира Reuters.
Добрите познавачи на состојбите во Ватикан за најсериозни кандидат ги сметаат Италијанецот Анџело Скола и Бразилецот Одило Педро Шерер. Доколку биде избран Скола, папството по 35 години повторно ќе се врати во Италија, откако се` до папата Јован Павле Втори, 455 години на чело на Ватикан беа Италијанци. Изборот, на Шерер, пак, би значело дека има неевропски папа првпат во 1.300 години.
Односот во конклавите не е воедначен, па така шеесетина кардинали електори доаѓаат од европските земји од кои 28 се од Италија, 19 од земјите од Латинска Америка, 14 од Северна Америка, 11 се од Африка, десет од азиските земји и еден од Океанија.
Отецот Федерико Ломбарди, директор на канцеларијата за односи со јавноста на Светата столица, изјави во саботата дека доколку се` се одвива според планот, конклавите коишто започнуваат во вторник треба да траат два до најмногу четири дена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

