Свет
Кери: САД и Русија делат заеднички интерес во Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери, којс е наоѓа во Москва, му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека САД и Русија делат заеднички интерес во Сирија, вклучително и зголемена стабилност во регионот и спречување на ширењето на екстремизмот.
„САД веруваат дека делиме некои многу важни заеднички интереси во поглед на Сирија, стабилноста во регионот, за да немаме екстремисти кои би создавале проблеми по целиот регион и на други места”, рече Кери.
Кери рече дека претседателот на САД Барак Обама верува дека Русија и САД можат „сериозно” да соработуваат по прашањата како Северна Кореја, Иран и економските врски, за кои обете страни оценија дека не го оствариле целиот потенцијал. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

