Свет
Гром уби 27 лица во Индија

При удар на гром во источната индиска држава Бихар загинаа 27 лица, меѓу нив и шест деца, соопштија во среда локалните власти.
Во вторник беа објавени 22 смртни случаи, а уште пет лица загинаа за време на предмонсунските дождови во среда, наведе Рену Кумари Кушваха, министерка за вонредни ситуации во Бихар.
„Тажно е што гром однел толку животи“, рече Кушваха во Патна, главниот град на Бихар.
Друг извор наведе дека шест деца си играле надвор додека врнело, кога доживеале струен удар.
Ударите на громови во перидото на монсуни, јуни-септември, се прилично чести во сиромашната земја каде што селаните живеат во куќи од бамбус и трева. /крај/кл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Свет
Со нож избодени најмалку 11 лица во Мичиген

Најмалку 11 лица беа избодени синоќа со нож во Волмарт во Траверс Сити, Мичиген. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се хоспитализирани. Шестмина од нив се во критична состојба, додека петмина други се во сериозна состојба.
Траверс Сити е околу 410 км северозападно од Детроит. Шерифот на Траверс Сити, Мајкл Шеј, изјави дека оружјето употребено во нападот е нож. Се води истрага за мотивите за нападот.
Свет
И по 54-ти пат Косово сè уште без собраниски спикер

Ниту доцна синоќа не успеа да се конституира Собранието на Косово, и покрај тоа што ова беше веќе 54-ти обид за избор на претседател. Причината повторно беше истата, недостиг на доволно гласови за формирање на комисија за тајно гласање, што е предуслов за спроведување на изборот.
Политичките партии и коалиции – Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа, како и коалицијата меѓу Алијансата за иднината на Косово и НИСМА, повторно одбија да предложат свои членови во комисијата. Наместо тоа, тие го обвинија претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, дека ја узурпира седницата и ги погазува и Уставот и одлуките на Уставниот суд на Косово.
Ситуацијата ескалираше кога Дехари, како и во претходните обиди, ги прекинуваше говорите на пратениците со исклучување на микрофоните, што дополнително ја вжешти атмосферата. Од вкупно 103 присутни пратеници, само 56 гласаа „за“ формирање на комисијата, што не беше доволно.
Поради недостигот на мнозинство, Дехари ја прекина седницата, повикувајќи се на одлуката на Уставниот суд донесена на 26 јуни, според која од денес до 8 август парламентот нема право да заседава или да донесува какви било одлуки. До тогаш, се очекува Судот да ја објави својата пресуда по барањето за оценка на уставноста на инсистирањето за тајно гласање, поднесено од пратениците на ДПК и ДСК.