Свет
Тројца уапсени заради примање мито на аеродромот во Франкфурт
Германските власти во вторникот уапсиле три лица, вклучувајќи и високопозициониран менаџер во компанијата Фрапорт која управува со аеродромот во Франкфурт, под сомнение дека примале мито за издавање на дозволиз а градба на аеродромот.
Канцеларијата на државниот обвинител во Франкфурт извести дека повеќе од 200 полицајци учествувале во претресите на станбените и деловните објекти во Германија и Лихтенштајн, каде што наводно биле скриени „валканите“ пари, во рамки на истрагата над десетмината осомничени за примање мито, проневера, измама, перење пари и избегнување на плаќање на данок.
Обвинителството, меѓу останатите, го сомничи и 50 годишниот поранешен менаџер на Фрапорт за примање мито од компаниите кои сакале да градат во товарниот дел на аеродромот во Франкфурт.
Тој дел на аеродромот , отворен во 1996 година, е бизнис центар на 20-сетина воздухопловни компании за превоз на товар, вклучително на Луфтханза Карго, ДХЛ и УПС.
Поранешниот менаџер на Фрапорт префрлил на сметката на банка во Лихтенштајн околу 630 илјади евра мито, користејќи се со лажни сметки кои еден осомничен од Лихтенштајн ги испраќал на агент на недвижнини во Франкфурт.
Портпаролот на Фрапорт изјави дека поранешниот менаџер ја оштетил компанијата и дека Фрапорт тесно соработува со истрагата. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

