Свет
Епл прогласен виновен за штелување на цените на е-книгите
Американската информатичка компанија Епл(Apple) во среда е прогласена виновна бидејќи се договорила со големите издавачи во САД за да ги подигне цените на е-книгите и и се заканува плаќање на високи глоби и камати.
„Обвинителите покажаа дека Епл сковал заговор за да ја подигне цената на е-книгите“, оцени судиката Денис Кот, во одлуката напишана на 160 страници и објавена во среда.
Таа соопшти дека ќе се одржи нов процес без одреден датум за одредување на износот на отштетата што компанијата ќе мора да ја плати. Тоа го бараат повеќе американски држави.
Бил Баер, помошник на државниот обвинител во соопштение ја поздрави победата за милиони потрошувачи кои сакале да читаат е-книги.
Државното обвинителство го обвинува Епл дека кон крајот на 2009 година се договорил со пет издавачи, со цел да ја подигнат цената на е-книгите, пред лансирањето на нивните таблети.
Американското министерство за правосудтво смета дека целта била да се урне доминацијата на Амазон на пазарот.
На суд заврши единствено Епл, додека издавачите се спогодија со владата и со државите. Судиката наведе дека некои книги, кои Амазон ги имал по 9,99 долари, кај Епл чинеле 12,99 или 14,99 долари.
Епл објави во среда дека има намера да се жали на пресудата.
„Не направивме ништо лошо и ќе се жалиме на одлуката на судиката“, наведе компанијата.
„Епл не правеше заговорф во одредувањето на цените на е-книгите и ќе продолжиме да се бориме против лажните обвинувања“, информира Епл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

