Свет
Австралиска телефонска компанија Телстра ги снимала разговорите и ги праќала до ФБИ
Најголемата австралиска телефонска компанија Телстра ја складирала електронската пошта и ги снимала телефонските разговори кои подоцна ги предавала на разузнавачките служби на САД на нивно барање.
Овие факти произлегуваат од договорот што во 2001 година го потпишале ФБИ и Министерството за правосудство на САД. Копија од договорот објави интернет страницата Крики, што е само потврда на документите што Едвард Сноуден на почетокот на неделата ги даде на увид на јавноста. Тоа потврдува дека САД може да контролираат огромен број податоци ширум светот.
Според информациите во документот, компанијата Рич, која ги поставувала каблите под морето, морала со компанијата ПЦЦВ да ја испраќа сета комуникација што се одвивала кон или од САД, во магацин кој „физички се наоѓал во САД, а од каде електронскиот надзор можел да се спроведува според законите на САД“. Компанијата Рич е заеднички проект на Телстра и Владата на Австралија, додека ПЦЦВ е корпорација од Хонг Конг.
САД барале пристап до сите телефонски повици што се одвивале меѓу Австралија и САД, но и меѓу други земји. Истото се однесувало и на комуникацијата преку електронска пошта. Компанијата Рич исто морала да дава податоци поврзани со телефонските разговори, информации за претплатниците и телефонските сметки на корисниците. Сите информации се чувале на американско тло на рок не помал од две години.
Зелените ја нападнаа Телстра и ја обвинија дека го нарушила австралискиот суверенитет. Телстра се брани дека „договорот на Рич всушност рефлектирал обврски кои морале да ги прифатат за да се ускладат со законот на САД“. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

