Контакт

Свет

Светот го празнува Денот на свети Патрик

Објавено пред

Ширум светот на 17 март се слави ирскиот национален празник, Денот на свети Патрик.

dobivaj vesti na viber

Денот на свети Патрик е традиција стара повеќе илјада години, а се празнува на 17-ти март, и тоа најмногу во Ирска. На денешен ден ирските семејства традиционално одат во црква. Големиот пост се прекинува на еден ден и луѓето танцуваат, пијат и јадат традиционални ирски јадења. Традиционални симболи на овој ден се детелина со три листа и зелената боја. На овој ден луѓето носат зелено, слават сé што е ирско на парадите со здравица и голема кригла пиво.

Сé до 1970 година ирските закони им забранувале на угостителските објекти да работат на овој ден. На почетокот на 1995 година, ирската влада започна кампања Денот свети Патрик да се искористи како реклама за туризам и промоција на Ирска.

Фестивалот што се одржува во понеделникот во Даблин се очекува да го посетат над милион луѓе. На Денот на свети Патрик ширум светот се пијат 10 милиони литри пиво Гинис, познат ирски бренд, тврди претставникот за медиуми од фабриката Гинис, Дејвис Рајан.

Празникот се прославува и во Америка каде што се одржуваат околу 100 празнични паради. Ова не зачудува поради тоа што околу 30 милиони американски државјани се по потекло од Ирска. Всушност, првата прослава на Денот на Свети Патрик се одржала во Њујорк, 17-ти март 1762 година. Ирските војници кои служеле во британската колонијална војска приредиле парада славејќи го своето потекло и наследство. Прослави се организират и во Австралија, Канада, но и ширум Европа.

Кој бил Свети Патрик?

Свети Патрик не бил Ирец. Роден бил во Британија 390 година во аристократско христијанско семејство, во раскошна куќа, со многу слуги. Како момче не покажувал интерес за христијанството. Кога имал 16 години неговиот свет се превртел. Бил грабнат и испратен далеку преку морето и седум години бил пастир во студените планини во внатрешноста на Ирска. За него тоа било застрашувачки, но тогаш се смениле неговите размислувања и станал голем христијански верник.

Народните приказни велат дека на Патрик во сон му се јавил глас кој му велел да избега. Нашол начин да дојде до пиратски брод и да се врати назад во Британија, каде повторно бил со семејството. Меѓутоа, гласот повторно му се јавил и му рекол да се врати во Ирска.

Станал свештеник, а потоа бискуп. Се вратил во Ирска и таму останал до крајот на животот. Животот му бил тежок – постојано бил малтретиран, ирските власти го затворале, додека британските постојано го предупредувале.

По смртта, на 17-ти март 461 година, Патрик бил заборавен. Но, полека почнале да се раскажуваат легенди околу него, а векови подоцна е прогласен за светец и заштитник на Ирците.

Патрик користел лист од детелина да го објасни Светото Тројство во христијанството, па затоа ова билка е симбол на празникот./крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Објавено пред

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на шест последователни дена, објави вчера изборната комисија на јужноамериканската земја. Перуанците излегуваат на гласање на 12 април, а повеќе од 27,3 милиони гласачи ќе го изберат претседателот, 130 пратеници и 60 сенатори.

dobivaj vesti na viber

Пред изборите, поради рекордниот број кандидати, што ја одразува фрагментацијата на политичката сцена во Перу, беше воведен необичен формат за претседателската дебата, пишува Франс Прес.

12 кандидати ќе зборуваат секој ден
Дванаесет кандидати, поделени во групи од по тројца, ќе зборуваат секој ден за време на четири „мини-дебати“, објави Националната изборна комисија (JNE). Секој кандидат ќе се појави двапати во текот на шестдневните телевизиски дебати.

Анкетите моментално покажуваат дека поранешниот десничарски градоначалник на Лима, Рафаел Лопез Алиага, заостанува зад Кеико Фуџимори, уште една истакната личност на перуанската десница и ќерка на поранешниот претседател Алберто Фуџимори. Други кандидати на гласачкото ливче, долго 65 сантиметри, вклучуваат поранешен национален фудбалер, телевизиски комичар и кандидат обвинет за корупција.

Победникот на изборите ќе ја преземе функцијата на 28 јули, наследувајќи го привремениот претседател Хозе Марија Балказар, кој ја презеде функцијата минатата недела откако Хозе Хери беше отповикан. Перу е погодена од хронична политичка нестабилност од 2016 година, при што осум шефови на држави се сменија.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Објавено пред

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а 43 лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Службите за итни случаи потврдија 18 смртни случаи во градот Хуиз де Фора и седум во Уба, оддалечен околу 110 километри.

Екстремни количини на дожд
Бразилскиот претседател Лула да Силва изрази сочувство на платформата Икс.

„Фокусирани сме на обезбедување хуманитарна помош, враќање на основните услуги, поддршка на бегалците и помош во реконструкцијата“, напиша тој.

Во Хуиз де Фора, околу 440 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови откако обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето. Градоначалникот на градот рече дека ова бил највлажниот февруари во историјата на градот. Количината на дожд била двојно поголема од очекуваната за месецот.

Голем дел од Бразил влегува во врвот на дождовната сезона во текот на летните месеци, од декември до март, и се карактеризира со чести и обилни поројни дождови, грмотевици, поплави и лизгање на земјиштето.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп: „Златното доба на Америка започна“

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник.

dobivaj vesti na viber

„Нашата нација е повторно поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега“, рече Трамп на почетокот од своето обраќање пред Конгресот.

„Ова е златно доба за Америка“, продолжи републиканецот во говорот во кој ги пофали она што го смета за достигнувања на неговата администрација, од рекордни индекси на берзата, ниски цени на бензинот, до спречување на влегување на фентанил на американска територија.

Трамп тврдеше дека Соединетите Американски Држави се „почитувани во светот можеби како никогаш досега“ и дека „победуваат толку многу“ што „веќе не знаат што да прават со тоа“.

Овогодинешното обраќање за состојбата на нацијата се одржува во исклучително значајна година за Соединетите Американски Држави, која во јули ја одбележува 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност, според агенцијата ДПА.

Обраќањето доаѓа само неколку дена откако Врховниот суд на САД ги поништи клучните тарифни политики на претседателот Трамп. Овој судски пораз ги остави глобалните трговски партнери во неизвесност додека се обидуваат да ги проценат понатамошните последици од таквата одлука.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на...

Свет22 минути

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет26 минути

(Видео) Трамп: „Златното доба на Америка започна“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија14 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија16 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ18 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија19 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија19 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија20 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија22 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија23 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија23 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет23 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет23 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 ден

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа1 ден

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...