Свет
Меѓувладин договор за изградба на Каспискиот гасовод

Русија, Казахстан и Туркменистан потпишаа меѓувладин договор за изградба на Каспискиот гасовод што ќе поминува долж источното крајбрежје на Каспиското море, до Русија.
Русија, Казахстан и Туркменистан потпишаа меѓувладин договор за изградба на Каспискиот гасовод што ќе поминува долж источното крајбрежје на Каспиското море, до Русија. “Гасоводот ќе биде изграден до крајот на 2010 година“, изјави рускиот министер за енергетика Виктор Христенко. Новиот гасовод ќе ги зголеми на 20 милијарди кубни метри можностите за извоз на гас од Туркменистан до Русија. Спогодбата ја потпишаа претседателите на Русија Владимир Путин и на Казахстан Нурсултан Назарбаев. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Инфлуенсерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во стан во Бразил

Во Рио де Жанеиро се пронајдени телата на 33-годишната инфлуенсерка и манекенка Лидијане Алина Лоренсо и нејзината 15-годишна ќерка Мијана Софија Сантос, јавуваат бразилските медиуми.
Соседите во населбата Барра да Тиџука ги повикале пожарникарите поради силен непријатен мирис, а телата биле откриени во различни простории од станот. Според полицијата, нема знаци на насилство и се чекаат резултатите од токсиколошката анализа за да се утврди причината за смртта.
Лоренсо имала над 54.000 следбеници на Инстаграм и студирала медицина во Рио. Таа и нејзината ќерка беа погребани во родниот град Санта Сесилија. Истрагата продолжува.
Свет
Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ќе го разоружаме

Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се разоружа, бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“. „И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“, додаде тој.
На прашањето на новинарите како тоа ќе се случи, Трамп рече: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“.
„Тие знаат дека не си играм“, додаде американскиот претседател.
„Ќе се случи брзо и може да биде насилно. Но, тие ќе се разоружаат, разбирате што мислам?“, додаде Трамп.
фото: принтскрин
Свет
Израел: Едно од телата вратени од Хамас не е заложник

Телото што Хамас вчера му го предаде на Израел не му припаѓа на ниту еден од заложниците, туку на Палестинец од Газа, изјави за израелските медиуми функционер за безбедноста. Останатите три тела се идентификувани како Тамир Нимроди, Еитан Леви и Уриел Барух.
Портпарол на Хамас: Работиме на враќање на телата
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, изјави дека Хамас „работи на исполнување на своите обврски“ за враќање на телата на израелските војници, што израелските медиуми го протолкуваа како индиректно признание на израелските обвинувања дека Хамас го прекршил договорот.
Неговата изјава дојде откако Хамас му предаде на Израел тело кое не му припаѓало на ниту еден од заложниците. Израел сè уште чека враќање на 21 тело.
Касем додаде дека Израел „направил сериозно прекршување на договорот кога убил цивили во Шеџаја и Рафа“ и ги повика медијаторите „да го принудат Израел да се придржува до своите обврски“.
фото: принтскрин