Свет
Гардијан: Богатството на Путин – 40 милијарди долари
Битката без преседан во политичкиот врв на Кремљ и наводното лично богатство од четириесет милијарди долари на рускиот претседател Владимир Путин, се теми за кои пишува Гардијан
Битката без преседан во политичкиот врв на Кремљ и наводното лично богатство од четириесет милијарди долари на рускиот претседател Владимир Путин, се теми за кои пишува Гардијан Според изворите на весникот, поради контрола над големите државни компании во Кремљ во тек е огорчена борба меѓу „силовиките”, предводени од функционерите на безбедносните служби и ткн. „либерален” клан, на кој му припаѓа и изборот на Путин за нов руски претседател Дмитри Медведев. Овој избор му нанесе тежок удар на тврдокорното крило, додека Путин, според некои набљудувачи, одлучи да остане во власта токму за да го заштити Медведев од соперничката страна. Не станува збор за идеолошки судир, туку за војна меѓу бизнис конкурентите, велат изворите на Гардијан, додека другите соговорници тврдат дека елитата во Кремљ е загрижена како да го сочува натрупаното богатство по трансферот на власта и доаѓањето на некоја нова администрација, пренесува Би-Би -Си. Тврдењата за личното богатство на рускиот претседател од четириесет милијарди долари – кои би го направиле најбогатиот човек во Европа – како и неговиот таен посед на акции во три големи компании кои произведуваат и тргуваат со нафта и гас, за Гардијан ги изнесе рускиот политички експерт Станислав Беловски, автор на книгата за финансиите на Владимир Путин. Лондонскиот дневник пишува дека во кабинетот на рускиот претседател не успеал да добие коментар за овие тврдења и потсетува дека Владимир Путин, по повод титулата личност на годината, на американскиот магазин Тајм демантираше постоење на било каква корупција во руската власт./крај/б/ил Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на загинати во терористичкиот напад на плажата Бонди се искачи на 16
Бројот на загинати во пукањето на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и едно дете, изјави министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк.
Бројот на повредени и хоспитализирани исто така се зголеми, од 29 на 40.
Нападот се случил околу 18:47 часот по локално време, кога најмалку две вооружени лица отвориле оган кон околу 1.000 луѓе собрани во паркот Арчер, каде што еврејската заедница организирала јавна прослава. Еден од осомничените бил убиен на местото на настанот, додека вториот е повреден и приведен. Не е исклучена можноста за вмешаност на трет осомничен, но истрагата е во тек.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди нападот, нарекувајќи го „чин на зло, антисемитизам и тероризам“.
„Ова беше целен напад врз еврејската заедница на ден што требаше да биде ден на радост и прослава. Ова е удар во срцето на нашата нација“, изјави Албанезе, кој свика итна седница на Комитетот за национална безбедност.
Нападот предизвика осуди и изрази на сочувство од бројни светски лидери.
Свет
(Фото) Илјадници на улиците на Будимпешта – бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца
Илјадници граѓани излегоа на улиците на унгарската престолнина во саботата, барајќи оставка од премиерот Виктор Орбан поради скандалот со злоупотреба на деца во воспитно-поправен дом за малолетници во Будимпешта.
Протестот беше предводен од лидерот на опозицијата Петер Маѓар, кој со демонстрантите маршираше до канцеларијата на премиерот. Граѓаните носеа транспаренти со пораки „Заштитете ги децата“ и плишани играчки, во знак на солидарност со жртвите на насилството.

Повод за протестите е видеото објавено претходно оваа недела, кое наводно го прикажува службеникот, кој до неодамна беше вршител на должноста директор на малолетнички поправен дом во Будимпешта, како се впушта во серија насилни дела, вклучително и клоцање дете кое лежи на земја и удирање на главата на друго дете од маса.
Осомничениот поднесе оставка и е приведен, а полицијата изврши рација и приведе уште неколку лица. Истрагата е во тек.
Орбан изјави дека насилството е неприфатливо, нагласувајќи дека и малолетните деликвенти не смеат да бидат третирани на таков начин, но додаде дека станува збор за специјална институција во која се сместени лица осудени за тешки кривични дела. Овие изјави предизвикаа дополнителни критики во јавноста и обвинувања за релативизирање на случајот.
Опозицискиот лидер Маѓар ја обвини владата за неуспех да ги заштити децата во системот за социјална заштита и побара политичка одговорност. Неговата партија Тиса, според анкетите, води пред парламентарните избори закажани за април.
Скандалот дополнително го зголемува притисокот врз Орбан, само неколку месеци пред изборите, а аналитичарите оценуваат дека темата за заштита на децата и институционалната одговорност ќе биде клучна во претстојната кампања.
Свет
Сè што досега е познато за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј
Најмалку 12 лица загинаа, а 29 беа повредени во терористички напад што се случи за време на прославата на првата ноќ на Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј.
Нападот се случил околу 18:47 часот по локално време, кога најмалку две вооружени лица отвориле оган кон околу 1.000 луѓе собрани во паркот Арчер, каде што еврејската заедница организирала јавна прослава. Меѓу загинатите има 12-годишно девојче и рабин, пренесуваат медиумите.
Полицијата соопшти дека еден од осомничените бил убиен на местото на настанот, додека вториот е повреден и приведен. Не е исклучена можноста за вмешаност на трет осомничен, но истрагата е во тек.
Полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс воведе безбедносен кордон околу делови од плажата Бонди. Во близина на местото на нападот беше пронајдено возило со импровизирани експлозивни направи, кои подоцна беа безбедно отстранети од специјалните служби.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди нападот, нарекувајќи го „чин на зло, антисемитизам и тероризам“.
„Ова беше целен напад врз еврејската заедница на ден што требаше да биде ден на радост и прослава. Ова е удар во срцето на нашата нација“, изјави Албанезе, кој свика итна седница на Комитетот за национална безбедност.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, ја пофали храброста на граѓанин кој се соочил со еден од напаѓачите и му го одзел оружјето.
„Тој човек е вистински херој и без сомнение спаси многу животи“, рече Минс.
Нападот предизвика осуди и изрази на сочувство од бројни светски лидери. Израелскиот претседател Исак Херцог го нарече нападот „подол терористички чин“, додека британскиот премиер Кир Стармер и лидерите на повеќе европски земји изразија солидарност со Австралија и семејствата на жртвите.

