Свет
Кина погодена од најголема суша на деценијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/4b8306ac-0719-4efc-85b5-f339243b69e8.jpeg)
Кина страда од најголемата суша на деценијата, која остави милиони луѓе без питка вода и ги пресуши изворите и реките, пренесуваат локалните медиуми.
Кина страда од најголемата суша на деценијата, која остави милиони луѓе без питка вода и ги пресуши изворите и реките, пренесуваат локалните медиуми. Најголемото слатководно езеро во Кина кое имаше површина од неколку илјади квадратни кулометри, сега има површина од само 50 квадратни километри. Сушата уништи и околу 400 000 хектар реколта. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Шпанија: Шест лица повредени при трка со биковите во Памплона
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-081032.jpg)
Во традиционалното трчање на биковите во шпанскиот град Памплона, повредени се шест лица, од кои едно е пренесено во болница со сериозна трауматска повреда на главата, објавија денеска шпанските медиуми.
Улиците на Памплона беа преполни со љубопитни гледачи на трката со бикови, од почетната точка на Questa de Santo Domingo до преполната градска корида, според El Pais.
Крајот на трката помина мирно, но годинава беше соборен рекордот во брзината со која биковите ја истрчаа традиционалната рута, пренесува Танјуг.
Свет
Напад на Хезболах врз северот на Израел, едно лице тешко повредено
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-124329.jpg)
Едно лице е тешко рането во денешниот ракетен напад на Хезболах врз северен Израел, соопшти израелската медицинска служба.
Брзата помош соопшти дека 28-годишникот е повреден во Долна Галилеја и дека е префрлен во медицински центар во тешка состојба, пишува „Тајмс оф Израел“. Според првите проценки на израелската армија, денеска од Либан кон северот на Израел биле истрелани десетици ракети.
Ракетниот напад предизвика пожари во неколку области на северот на Израел, според Тајмс оф Израел. Нападот доаѓа откако истакнат член на Хезболах беше убиен во вчерашниот напад на израелско беспилотно летало во североисточниот дел на Либан, пренесува Танјуг.
Свет
(Фото+видео) Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел висок околу пет километри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-123331.jpg)
Вулканот Етна еруптираше синоќа, исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри. Облакот од чад и пепел од Етна продолжи да се движи во правец исток-југоисток, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА.
This is a deposit
from
Volcano Etna👀👀🥶🥶 pic.twitter.com/2Ybtzpq7kD— nikola 3 (@ronin19217435) July 7, 2024
How the area around Mount Etna woke up this morning.
📍Etna, Sicily – Italy 🇮🇹
Coffee with a Volcano pic.twitter.com/aFsQGnLFc6
— Teta (@Asinvenger) July 7, 2024
ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува.
Етна исфрлаше лава и пепел на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големата количина на пепел создадена од активноста на овој вулкан, пренесува Танјуг.