Свет
Апел за создавање на Медитеранска унија
Лидерите на Франција, Италија и Шпанија синоќа упатија Апел за создавање Медитеранска унија што би се формирала на конференција што ќе се одржи во јули наредната година, во Париз.
Лидерите на Франција, Италија и Шпанија синоќа упатија Апел за создавање Медитеранска унија што би се формирала на конференција што ќе се одржи во јули наредната година, во Париз. Никола Саркози, Романо Проди и Хозе Луис Сапатеро усвоија текст на заеднички состанок во Рим со надеж дека во иднина двата брега на Медитеранот ќе се обединат по примерот на Римскиот договор од 1957 година кој претходеше на Европската унија (ЕУ). “Уверени сме во фактот дека Медитеранот, раскрсница на културите и цивилизациите, мора да ја превземе својата улога на зона на мир, просперитет и толеранција“, се наведува во заедничката изјава на лидерите. Таквата унија “би имала за цел да ја обедини Европа и Африка околу медитеранските држави и востанови партнерство на еднаква основа меѓу државите што го опкружуваат Медитеранот“, се додава во изјавата./крај/он/ис Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија спречи напад на Украина во областа Курск
Руските вооружени сили спречија обид за напад на украинските сили во областа Курск, објави денеска „РИА новости“.
Руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили се обиделе да нападнат во правец на населбите Черкаси Конопелка и Уланок и претрпеле загуби.
Украинските војници распоредија два механизирани баталјона на оклопни возила и изведоа неколку бранови напади, меѓутоа, според соопштението на ресорното министерство, руските војници бргу го идентификувале непријателот и со поддршка на авијацијата им нанеле сериозна штета.
Свет
Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Гејтс рече дека се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави „Ен-би-си њуз“.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација „Гејтс“ во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД велејќи дека работата на Агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.
Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали бројот на вработени во Агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.