Свет
Израелците и Палестинците не очекуваат мир во 2008
Израелците и Палестинците сметаат дека до крајот на 2008 година нема да биде потпишан мировен договор, покажува најновото испитување на јавното мислење.
Израелците и Палестинците сметаат дека до крајот на 2008 година нема да биде потпишан мировен договор, покажува најновото испитување на јавното мислење. Според резултатите од анкетата објавени синоќа, 74 отсто од Израелците и 59 отсто од Палестинците сметаат дека неодамнешната мировна конференција во Анаполис била неуспешна. Оваа средба ги одмрзна израелско палестинските преговори, по пауза од седум години. Во анкетата на центарот „Труман“ од Ерусалим и палестинскиот Центар за политика, околу 55 отсто од Израелците и 32 отсто од Палестинците изразиле песимизам за крај на насилствата. Само 23 отсто од Палестинците и осум отсто од Израелците го делат мислењето на нивните лидери дека преговорите ќе завршат со мировен договор во 2008. Испитаниците имаат поделено мислење во врска со поддршката за формирање палестинска држава на Западниот брег и во Газа, за размената на територии и за поделба на власта во Ерусалим. Поддршка за таков договор изразиле 53 отсто од Израелците и 47 отсто од Палестинците./крај/б/ег/ Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вонредна состојба на Санторини
На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба поради зголемена сеизмичка активност која продолжува да го потресува популарниот остров во Егејското Море и соседните Аморгос, Анафи и Иос, а што поттикна многу жители и посетители да ја напуштат областа, пишува онлајн изданието „Катимерини“.
Вонредната состојба ќе важи до 3 март, соопштија властите за цивилна заштита.
Земјотресите продолжуваат да ја тресат областа, зголемувајќи го ризикот од сериозни одрони и паѓање на карпи.
Само во ноќта меѓу вторникот кон средата шест земјотреси со јачина од околу 4 степени се регистрирани во областа Санторини, по кои синоќа следеше посилен потрес со јачина од 5,2 степени јужно од Аморгос.
Свет
Русија спречи напад на Украина во областа Курск
Руските вооружени сили спречија обид за напад на украинските сили во областа Курск, објави денеска „РИА новости“.
Руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили се обиделе да нападнат во правец на населбите Черкаси Конопелка и Уланок и претрпеле загуби.
Украинските војници распоредија два механизирани баталјона на оклопни возила и изведоа неколку бранови напади, меѓутоа, според соопштението на ресорното министерство, руските војници бргу го идентификувале непријателот и со поддршка на авијацијата им нанеле сериозна штета.
Свет
Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Гејтс рече дека се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави „Ен-би-си њуз“.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација „Гејтс“ во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД велејќи дека работата на Агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.
Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали бројот на вработени во Агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.