Свет
Нема крај на рударските маки и со американски инвеститор
Рудниците “Злетово” и “Тораница”, чиј газда сега е американската фирма “Ксеминекс”, никако да почнат со работа, поради што повеќе од 2.000 рудари се на улица.
ЈАМИТЕ ВО “ТОРАНИЦА” И ВО “ЗЛЕТОВО” ЗАТВОРЕНИ
Рудниците “Злетово” и “Тораница”, чиј газда сега е американската фирма “Ксеминекс”, никако да почнат со работа, поради што повеќе од 2.000 рудари се на улица. По шест месеци од продажбата, производството во двата рудника не е обновено, а за “Тораница” Американците должат уште 182.000 евра, кои требаше да ги уплатат до 15 јануари.
Рударите се револтирани од несериозниот однос на новиот сопственик, а за виновна ја посочуваат и Владата, поради што за утре најавуваат протести во Скопје. Пробиштипските рудари не се задоволни од ангажирањето, пред се, на Министерството за економија, а за главен виновник го сметаат поранешниот прв човек на овој ресор, Стевчо Јакимовски.
– “Злетово” и е продаден на несериозна компанија, која има основачки влог од само 1.000 долари. Зад продажбата на рудникот на “Ксеминекс” се кријат луѓе од власта, кои се директно виновни за лошата состојба во која се наоѓа “Злетово” и 1.450 поранешни вработени – смета рударскиот инженер Станко Миревски.
И рударите од “Тораница” полека губат надеж.
– Верувавме дека “Ксеминекс” е сериозен инвеститор, но како што минува времето, а активирањето на капацитетите се одолговлекува, губиме доверба во намерите на новиот газда – велат околу 600 поранешни вработени, кои веќе четири години чекаат рудникот да проработи. За поголемиот дел од нив “Тораница” е единствената надеж повторно да најдат работа.
Стечајниот управник на рудникот, Маринко Саздовски, најавува дека доверителите задутре ќе расправаат за задоцнетата уплата од “Ксеминекс” и ќе донесат конечна одлука дали оваа фирма ќе биде новиот сопственик на “Тораница”.
Претставниците на “Ксеминекс” во Скопје одговараат со ветувања и велат дека го почитуваат договореното со Владата.
– “Злетово” ќе биде рестартиран мошне брзо, а веруваме дека за три месеци ќе почне производството во “Тораница”. Преостанатите 182.000 евра за овој рудник ќе бидат уплатени пред последниот рок на 25 мај.
Одложеното плаќање исклучиво е поради технички и внатрешни организациони проблеми во фирмата – вели Марина Домазетовска, портпарол во “Ксеминекс”.
Од 1.450 поранешни вработени во “Злетово”, за подготовка на рудникот се ангажирани само 130. Во “Ксеминекс” објаснуваат дека се соочиле со сериозни проблеми за да го рестартираат производството во јамите и флотацијата, за што досега потрошиле околу 1,5 милион долари. Американците ветуваат и дека ќе ги исполнат обврските од договорот, според кој, во првата година треба да инвестираат 6 милиони долари и да вработат 400 рудари, а во втората да вложат уште 5 милиони долари.
– “Тораница” е во најдобра состојба и таму веќе имаме менаџерски тим. Се санираат објектите, а е подготвен и план за динамиката на производство и за враќање на рударите на работа. Во рудникот се е подготвено за рестартирање на капацитетите, но со сигурност ќе се знае кога ќе се влезе во јамите – велат претставниците на “Ксеминекс”. (Ж.Ц.- Т.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.

