Свет
41 месец затвор за еден од напаѓачите на Капитол – најголемата казна досега
Скот Ферлемб, кој беше снимен како удира полицаец за време на нападот на американскиот Капитол на почетокот на годината, доби затворска казна од 41 месец, јавија американските медиуми.
Во нивните анализи тие пишуваат дека ова е најстрогата казна досега изречена во речиси поведени 700 случаи откога приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп го нападнаа Капитол на 6 јануари годинава не прифаќајќи го неговиот изборен пораз.
Американскиот окружен судија Ројс Ламберт ја наведе сериозноста на однесувањето на сопственикот на салата за вежбање во Њу Џерси, Скот Ферлемб, како отежнувачка околност при изрекувањето на казната, пренесуваат агенциите.
Ферлемб е снимен како вреска по полицајците пред да турне еден од нив и да го удри со тупаница во лицето. Тој се изјасни за виновен во август.
„Да одевте на судење, мислам дека нема порота што би можела да ве ослободи“, му рече судијата на првиот бунтовник осуден за насилство врз полицијата за време на нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

