Контакт

Свет

Четврток, 24.02.2005

Објавено пред

Време / Дневник / Вест / Утрински весник

dobivaj vesti na viber

(Вест) – четврток, 24 февруари 2005

Владата прави простор за корупција во мобилната телефонија

Александра К. Мишовска

Законското решение Владата да го спроведува тендерот за избор на трет мобилен оператор, усвоено во новиот Закон за електронски комуникации, е „катастрофално“ и дозволува „на мала врата“ да се договори новиот мобилен оператор, оценуваат познавачи на оваа проблематика.

Доколку Уставниот суд ја преиспита оваа одлука, и начинот на кој Владата го протурка амандманот во последен момент, најверојатно ова решение ќе се поништи, тврдат експерти. Владата во последен момент поднесе амандман со кој наместо Агенцијата за комуникации, третиот мобилен оператор ќе го избира Министерството за транспорт и врски.

– Невообичено и недозволиво е да се направи исклучок само за третиот мобилен оператор. Одлуката е противуставна, бидејќи одлучија Владата да го избира третиот мобилен оператор. Што е кога ќе се избираат четвртиот, петтиот и другите оператори? На ваков начин се урива целата концепција за новиот закон за електронски комуникации, бидејќи автоматски се скратува развојот на мобилната индустрија во Македонија – вели нашиот извор.

Според Јани Макрадули, координатор на пратеничката група на СДСМ и претседател на партиската комисија за информатичка технологија, решението Владата да го избира третиот мобилен оператор нема ниту политичка ниту економска оправданост.

– Не знам зошто се усвои амандманот со кој за изборот на трет мобилен оператор остана старото законско решение. Со стариот закон за телекомуникации за концесијата на нови оператори одлучуваше министерот за транспорт и врски, што е негово дискрециско право. Ова е спротивно на владината заложба за намалување на дискрециските права на министрите. На ваков начин се продолжува и процедурата за избор на операторот. Решението нема ниту економска оправданост затоа што на ваков начин целата постапка за избор на операторот ќе чини многу повеќе – вели Макрадули.

Амандманот што Владата за Законот за електронски комуникации го предложи во последен момент предвидува „сите постапки за издавање концесии, одобренија и други акти да се носат во согласност со законот за електронски комуникации, освен е евентуалната постапка за определување и давање концесија за третиот мобилен оператор, која ќе се заврши во согласност со стариот закон“.

Во претходното законско решение, предлогот за давање концесија за мобилен оператор го даваше Управата за телекомуникации, а доставените понуди ги собираше Министерството за транспорт и врски, по што конечната одлука ја имаше ресорниот министер. Според познавачите, сега би настанал и правен вакуум при распишувањето на меѓународниот тендер оти Управата за телекомуникации ќе престане да постои за три месеци.

Зоран Јачев од „Транспарентност“ вчера ни изјави дека се уште нема доволно податоци за целиот случај и начинот на кој сега ќе се избира новиот оператор. Според него, доколку со оваа одлука се зголемуваат дискрециските овластувања на министерот за транспорт и врски, на сметка на јавното мислење, некој од Владата треба да објасни зошто го поднесе амандманот.

– Секое доделување концесија мора да биде засновано на однапред утврдени критериуми и да биде овозможен дополнителен тест на сите одлуки – вели Јачев.

Владини извори за „Време“ велат дека Владата го поднела амандманот со кој Министерството за транспорт и врски ќе го има конечниот збор при изборот на новиот мобилен оператор оти партијата на министерот за транспорт Џемаил Мехази веќе има фаворит за новиот оператор. Дознаваме дека во игра е фирма на „Монако телеком“, во која се вклучени и албански бизнисмени, а се шпекулира и со мобилниот оператор „Водафон“.

* * *

(Вест) – четврток, 24 февруари 2005

ОДДЕЛОТ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА ПОТКУП ВО СУДОТ ВО ШТИП

На обвинителна клупа и обвинители

Александар Наков, јавен обвинител во Штип, се товари за земање поткуп, а во Основниот суд во Кочани идниот месец ќе биде распрашуван за наводите во анонимното писмо испратено до повеќе институции

Во Основниот суд во Кочани, на 2 март, ќе се одржи првиот распит на Александар Наков, јавен обвинител во Штип кој се товари за земање поткуп, откако Кочанскиот суд го презеде случајот на штипското Јавно обвинителство. Постапката, како што дознаваме, ја повел Одделот за организиран криминал и корупција при Републичкото јавно обвинителство. Наков вели: ” Немам добиено никаков допис од Републичкото обвинителство или покана за распит во Судот во Кочани”.

Случајот бил обелоденет по анонимно писмо кое од Струмица било испратено до неколку институции во Штип, како и до Републичкото јавно обвинителство, во кое Наков се сомничи за корупција и земање пари. Обвинителот Александар Наков ги негира наодите во анонимката и тврди дека има аргументи против сите обвинувања. Тој вели дека целиот случај е конструкција за негова дискредитација и разрешување од функцијата. Иако во Штип веќе се зборува дека тој е разрешен, Наков тврди дека таков акт за разрешување, или за некаква суспензија, се уште нема добиено.

Вишиот јавен обвинител Тодор Витларов најавува дека целиот случај наскоро ќе добие епилог, но не прецизира каков. Од друга страна, Наков тврди дека нема да се заврши на ова, оти тој е чист и дека заднината на аферата е токму неговото разрешување. Наков е убеден дека вистината ќе излезе на виделина. Тој го знае и авторот на анонимното писмо против него, но, сепак, за да го аргументира тоа, издејствувал преку крим-службата да се земат отпечатоци од сите вработени и обвинители во штипското обвинителство, бидејќи од МВР добил потврда дека анонимката е пишувана на обична машина за пишување која се наоѓа во една од просториите на штипското обвинителство. Притоа, од сите обвинители и другите вработени во Обвинителството се земени отпечатоци, освен од обвинителот Драган Гаџов, кој го одбил тоа. Како што дознаваме, и за него се води некаква постапка за смена. Постапката се води во Основниот суд во Кавадарци. Заменик-обвинителот Гаџов вчера беше недостапен за да ги потврди или да ги негира информациите. Наков не сака воопшто да прецизира дали Гаџов е кртот во штипското обвинителство или некој друг ги мести двајцата. Тој најавува дека ќе ги отвори картите кога ќе смета дека е дојдено време за тоа.

* * *

(Дневник) – четврток, 24 февруари 2005

ПОРАДИ КУСОК ОД 74.473 ПАКУВАЊА ЛЕКОВИ

Царината го тужи “Зегин”

Царинската управа на Македонија вчера поднесе прекршочна пријава против фирмата “Зегин” поради тоа што, при обид за извоз на хуманитарна пратка, и доставила документи за количеството, вредноста и квалитетот, кои се различни од фактичката состојба, се вели во известувањето од Царинската управа.

Министерството за здравство во соработка со Царинската управа во следната недела ќе ги уништи лековите од хуманитарната пратка на “Зегин”, кои требаше да бидат испратени како помош за настраданите од цунами во југоисточна Азија, а на кои им изминал рокот на употреба. Царинската управа на 19 февруари, во просториите на складиштето на фирмата “Зегин” ја прегледала хуманитарната донација.

Во согласност со царинската декларација за извоз од 18 февруари 2005 година, наместо пријавените 33 палети (128 ставки на стоки), пронашле 22 палети (17 ставки на стоки – лекови). При прегледот бил утврден кусок од 74.473 пакувања различни лекови. Од лекот “стрептоксазол” имало 4.250 парчиња повеќе од пријавените.

Со прекршочната пријава, која е доставена до Основниот суд Скопје 1, фирмата “Зегин” и одговорното лице се товарат за царински прекршок.

“Со поднесување прекршочна пријава заврши истрагата од Царинската управа и случајот е предаден на понатамошна истрага на Управата за јавни приходи и на финансиската полиција”, се вели во известувањето од Царинската управа.

До крајот на неделава и Управата за јавни приходи и финансиската полиција ќе обелоденат дали против “Зегин” ќе биде поднесена и кривична пријава поради зголемување на цената на лековите.

Инспекции на Управата за јавни приходи до крајот на неделава ќе ја проверуваат документацијата од хуманитарната пратка на “Зегин”.

На веледрогеријата “Зегин” најверојатно ќе и бидат одземени и овластувањата да располага и да ги одржува државните резерви од лекови, кои вредат неколку милиони евра. За тоа кој ќе ги чува резервите ќе се решава со тендер.

* * *

(Дневник) – четврток, 24 февруари 2005

Заплет наместо расплет со “ЕВРОСОНГ”

Песните виновни за скандалот на МТВ?!

Македонската телевизија не кажа која песна ќе ја претставува нашата земја на “Евросонг” во Киев, смета дека не е директно виновна за скандалот, но сепак жали за се што се случи на изборот во Универзална сала и надвор од неа.

– Не можеме да се оградиме од сето тоа бидејќи сме организатори и се создаде еден неквалитетен телевизиски производ. Засега останува официјалниот победник, но има индикатори кои битно може да ја сменат ситуацијата – рече Љупчо Тозија, директор на МТВ.

Мартин Вучиќ победи со гласовиите од жирито и од публиката во салата, а Александра Пилева беше убедлива победничка во телевоутинг.

Претставниците на националната телевизиска куќа на вчерашната прес-конференција нагласија дека МТВ не го наместила исходот.

Иван Мирчевски, координатор на “Евросонг”, им се извини на пејачите зашто смета дека по сево ова “и двајцата се губитници”. За свој пропуст го смета тоа што дозволил втор круг гласање, иако и двата тима инсистирале на тоа. Тој најави дека ќе се испитува дали песните на Вучиќ и Пилева се плагијат, зашто завчера анонимно добиле аудиоснимки со три песни од кои, наводно, се “инспирирале” нашите автори.

На тоа бурно реагираше Дарко Димитров, автор на песната на Пилева.

– Можам веднаш да ве тужам. Можеби таа инструменталка, за која не знаете ни како и е името ни кој е автор, е направена завчера и некој ви ја доставил. Па, вие влегувате во нов скандал. Пуштате песни, а не знаете ни кои се автори – рече Димитров.

Претставничката на “Интерактива”, организатор и извршител на телефонското гласање, истакна дека тоа било транспарентно, а графиконите за текот на гласањето покажуваат ист тренд од сите три телефонии. Листинзите од гласањето се подготвени и доставени на увид во МТВ. Најбрз во доставувањето бил “Мобимак”.

За Иво Јанковски, од тимот на Пилева, гласањето преку телефон е најчесната работа. Според него, организаторот МТВ постапил нечесно што билетите ги продавал во Универзална сала, но и на уште две места, а не ја информирал јавноста за тоа.

* * *

(Време) – четврток, 24 февруари 2005

МРТВ стана инструмент на спонзорите

Ѓорге Стојанов

Скандалозниот национален евровизиски избор останува без епилог по вчерашната прес-конференција, свикана од организаторот МРТВ, на која наместо конечна одлука за тоа кој ќе не претставува во Киев, добивме само „сочни“ препукувања помеѓу двата евровизиски табора и закани за поднесување кривични пријави.

Случајот остана без конкретни податоци за деталните листи од телефонското гласање и без никакво образложение за тоа врз која основа влезниците во Универзална се продавале на места што не биле предвидени во договорот со двата тима. Јавноста не доби ниту одговор на прашањето кој ќе ја претставува Македонија на годинешниов јубилеен евровизиски избор.

Одбегнувајќи директно да одговараат на поставените прашања, одговорните од МРТВ како единствен сериозен пропуст си го признаа вториот круг гласање, кој според повеќето реакции на граѓаните е всушност најспорниот момент во целиот циркус што се создаде. На контото на двата мобилни оператори, фиксната телефонија, фирмата „Интерактива“ и Македонската радио-телевизија се слеаја вкупно 40.000 евра. Суштинското прашање на кое јавноста деновиве го бара одговорот е во чија функција се стави МРТВ.

На минатогодишниот „Евросонг“, главен спонзор на Тоше Проески беше „Космофон“, а шпекулациите одат дотаму дека „Космофон“ и националната телевизија, „бракот“ од интерес, а не од љубов, веројатно го продолжиле и годинава. Од друга страна, пак, Александра Пилева е ексклузивка на „М2“, чиј главен финансиер е „Мобимак“.

Воопшто не се ни спомена што ќе се случи доколку се утврдат нерегуларности во гласањето и местења и од двете страни. Според кои критериуми и дали воопшто ќе се избере комплетно нов македонски претставник? Наместо конкретни одговори, добивме уште еден жесток дуел помеѓу двата евровизиски тима.

– Лично имам докази за злоупотреба на телефонската линија од една битолска фирма. Оттаму се гласало 200 пати. За време на гласањето во Универзална, Камелија Левенска од „Мобимак“ викаше „Дигај, дигај“. Што да дига? Се додека не бидат готови сите детални листи од телефонското гласање, не сакам дополнително да давам коментари – изјави Драган Вучиќ. Тој по пресот со пцости му се нафрли на Александар Блажевски бидејќи претходно водителот обелодени дека наводно Вучиќ лично во радиото Рос доставил песна за која гласно кажувал дека е плагијат на онаа од Александра Пилева.

По ова, Иво Јанковски, нејзиниот менаџер, одговори:

– Се продаваа карти на пунктови што не беа јавно објавени. Освен на касата на Универзална, голем број влезници се продаваа на уште две места, за кои знаеше само организаторот. Апсолутно, проблемот не е во телефонското гласање. Ако некој можел да купи 200 карти за во Универзална, зошто да не можел да гласа двесте пати од својот мобилен – рече Јанковски.

Компанијата „Интерактива“е во сопственост на маркетиншката агенција „Индиго“, која пак се јавува како еден од партнерите на „М2 продукција“.

* * *

Мирчевски го подготвуваат за директор на МТВ?

По одлуката директорот на Македонската телевизија, Љупчо Тозија, да го пополни амбасадорското место во Рим, веќе на големо се зборува дека него ќе го наследи токму уредникот на Забавната редакција и прв човек на евровизискиот национален избор, Иван С. Мирчевски.

– Господинот Тозија ќе замине во април и дури тогаш ќе се знаат работите. Повеќе не коментирам – ни изјави Мирчевски.

* * *

Дарко Димитров ќе ја тужи МРТВ

Дарко Димитров од „М2 продукција“ најави дека ќе ги тужи Иван С. Мирчевски и целиот евровизиски тим во МРТВ за ширење непроверени шпекулации. За време на пресот, Мирчевски пушти парче од речиси идентична инструментална песна со „Сонце и месечина“ на Димитров, која убедливо победи на телефонското гласање.

– Пуштате песна што од некој анонимец пристигнала во МТВ. Јас првпат слушам за оваа песна. Каде е снимена, кога и од кого е објавена вие немате податоци. Можеби некој вчера си ја снимил во студио. Ова е монтиран случај и јас ќе ве тужам. Влегувате од грешка во грешка. Јас, како автор, сум навреден. Тоа е срамно. Дајте оставка! – револтирано им се обрати Дарко на претставниците на националниот ТВ-сервис и ја напушти прес-конференцијата.

По најавите дека и победничката и второпласираната песна се плагијати, МРТВ на прес-конференцијата пушти аудиоматеријал за новинарите да направат споредба со песните од кои наводно авторите краделе. Композицијата „Ти си сон“ на Драган Вучиќ беше споредувана со рефренот „Ацеле етме“ на турската пејачка Ханде Јенер, а „Сонце и месечина“ на Дарко Димитров, освен со „анонимната“ песна, беше споредувана и со актуелниот хит на Северина, „Хрватица“.

* * *

(Време) – четврток, 24 февруари 2005

МРТВ набавувала без тендер, раководството крева раменици

Претседателите на двете комисии за јавни набавки во МРТВ, Дивна Најденова и Илија Таневски, вчера не ги образложија наодите на извештајот на Министерството за финансии и на антикорупциската комисија според кои МРТВ лани и во 2003 година на повеќе наврати го прекршила законот за јавни набавки, за што се подготвува и прекршочна пријава против генералната директорка Гордана Стошиќ.

Од кабинетот на Стошиќ вчера кратко ни изјавија дека директорката само ги потпишувала сите одлуки што ги донесувале комисиите за јавни набавки во таа институција.

Според податоците од ревизијата на Министерството за финансии, МРТВ наместо да распишува тендери за набавките, склучувала договори во четири очи, а некои набавки биле делени со цел за нив да не се распишува тендер. Станува збор за договор што МРТВ го склучила со ревизорската куќа „Б и Љ“, како и за набавки на аудиоленти и опрема за телевизијата.

Дивна Најденова, претседателка на комисијата за општи јавни набавки во МРТВ, вели дека не може да коментира за никакви спорни јавни набавки, зашто на таа функција била поставена само пред два месеци.

– Додека сум претседател на оваа комисија сите набавки се транспарентни и во согласност со законот. За пред тоа не знам ништо – вели Најденова.

Илија Таневски, пак, претседател на комисијата за технички јавни набавки, на оваа функција бил поставен пред само еден месец и ниту тој не сакаше да ги коментира наодите на ревизорите и на антикорупциската комисија. Неговиот претходник Љупчо Лазаревски исто така изјави дека не е информиран за никакви незаконски набавки во МРТВ.

Според информацијата од антикорупциската комисија, дел од извршените набавки во МРТВ воопшто не бил регистриран во Регистарот за јавни набавки, а за одделни набавки МРТВ не барала гаранција за фирмите што се јавувале на тендерот.

За тоа дали за целиот случај има елементи за кривично гонење треба да одлучи скопското јавно обвинителство.

А. К. М.

* * *

(Утрунски весник) – четврток, 24 февруари 2005

По случајот на пронајдените бомби и големо количество муниција во Тетовско

Обжалена одлуката за неизречен притвор на “бомбашите” од Пирок

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО – Основното јавно обвинителство во Тетово за случајот со откриените бомби и голем број куршуми и друг воен арсенал во куќата на семејството Ферати од селото Пирок, Тетовско, вчера поднесе жалба на одлуката на истражниот судија за неприфаќање на предлогот за изрекување мерка притвор. Барањето на обвинителот се должи на тежината на кривичното дело, како и на личностите бидејќи против двајца од четворицата инволвирани во ова дело се води и друга кривична постапка.

Како што објави “Утрински весник,° завчера при претресот на неколку простории од семејната куќа, визба и гаража, полицијата по пронајде седум рачни бомби, над илјада куршуми од различен калибар и за разни намени, потоа запалка за рачна бомба, три рамки за автоматска пушка, гумена палка, два чифта регистарски таблички за автомобили и слично. Полицијата веднаш ги привела Селим Ферати (58) од Пирок кој живеел заедно со синовите Беким (33), Сенат (29) и Газменд (26) кој не бил достапен. По 24-часовно задржување тие биле ослободени, додека спрема Газменд била изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Како што дознаваме, во текот на вчерашниот ден Газменд сам се пријавил на органите.

Обвинителството го обжали ослободувањето на тројцата од притвор зашто смета дека е во прашање основано сомнение за сторено кривично дело поседување поголемо количество оружје и муниција што, според Кривичниот законик, казниво било со затвор од четири до 15 години. Од овие причини Обвинителството смета дека постои реална можност осомничените да побегнат и да ја избегнат евентуалната казна затвор. Обвинителството смета дека со нивното слободно движење по вакво кривично дело за кое се води постапка би била попречена успешната истрага поради евентуално меѓусебно договарање за уништување на сите траги што водат кон расчистување на случајот. Притоа, посебно се нагласува на можноста да не бил откриен каналот како толкаво количество оружје и муниција било донесено во нивната куќа, од една страна, и можноста за уништување траги за евентуално скриено оружје на друго место, од друга страна.

Против двајца од четворица осомничени, браќата Беким и Газменд, од 2003 година во Основниот суд во Тетово се води кривична постапка за кривично дело трговија со луѓе и притоа им била изречена и мерка притвор. Досега се одржале четири продолженија на главниот претрес, но пресуда сў уште нема. Тогаш била оштетена М.Д., државјанка на Романија.

* * *

(Утрински весник) – четврток, 24 февруари 2005

По одлуката на Владата да биде продаден државниот капитал

Прилепскиот тутунски комбинат преговара со турска фирма

Данчо Трајковски

ПРИЛЕП – Дилеми веќе нема. Тутунскиот комбинат од Прилеп наскоро, а можеби до крајот на март ќе биде стопроцентно приватизиран, по одлуката на Владата, државниот капитал од оваа фирма што поскоро да биде продаден. Според постојната процена, Тутунскиот комбинат “тежи° 25 милиони евра, а државата има 44 отсто од капиталот, односно околу девет милиони евра. Токму затоа деновиве се интензивирани активностите да се најде најсоодветен стратегиски инвеститор. Во Турција се во тек сериозни преговори меѓу генералниот директор Тони Мицајков и претставници на Владата со една еминентна турска компанија што се занимава со производство и дистрибуција на цигари, но чие име се држи во тајност. Но, не е тајна дека, без оглед на овие разговори, до крајот на овој месец ќе се разговара и со менаџерските тимови на реномираните светски имиња од тутунската индустрија “Филип Морис° и БАТ. Но, за сите нив 44 проценти државен капитал не се примамливи доколку не успеат да стигнат до бројката од 51 процент со што би го имале и управувачкиот пакет. Преостанатите акции се во рацете на сегашните и поранешните вработени, а се претпоставува дека со релативно добра цена која би се понудила, новиот инвеститор би дошол до управувачкиот пакет.

Во последно време сў погласни беа шпекулациите дека заради обврските од 35 милиони евра Тутунскиот комбинат ќе оди во стечај, но според првите луѓе на компанијата, тоа се само злонамерни и тенденциозни шпекулации кои се појавуваат пред секои избори и кои имаат за цел да ги одвратат потенцијалните купувачи. Планот за преструктурирање на комбинатот со кој треба да се создадат поповолни услови на инвеститорите во најголемиот дел е реализиран. Со планираното производство од 180 тони цигари месечно работата се одвива нормално. Откупени се 2.000 тони тутун од ланската реколта, бројот на вработените од 1.260 е намален на помалку од илјада, а со социјалниот пакет што ќе им биде понуден на работниците наскоро се очекува да се стигне до оптималната бројка од 860 вработени. Со крајно рестриктивна финансиска политика долгот е намален за три милиони евра. Сите овие показатели, сметаат во Тутунскиот комбинат во Прилеп, се аргументи со кои ќе треба да се привлече новиот странски инвеститор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Премиерката на Естонија: Немаме план Б ако Украина ја загуби војната

Објавено пред

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека Естонија нема план Б доколку Украина ја загуби војната.

dobivaj vesti na viber

„Не треба да се предаваме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО“, рече Калас во интервју за Би-Би-Си.

Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.

„Ако секоја земја на НАТО го направи тоа, Украина ќе победи“, посочува Калас.

Естонија, мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, е уверена дека откако ќе завршат борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе го сврти своето внимание кон Балтикот, барајќи да ги врати земјите како Естонија под контрола на Москва.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Објавено пред

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат евакуирани со хеликоптер.

dobivaj vesti na viber

Во областа на баварскиот град Аугсбург, жителите мораа да бидат евакуирани поради дефект на насип и брана, соопштија властите.

Поради поплавите, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу главниот град на Баварија, Минхен, Брегенц во Австрија и Цирих во Швајцарија.

Во прекин беше и линијата меѓу Улм и Аугсбург, а меѓуградските возови на релација Штутгарт-Минхен беа пренасочени.

Жителите на баварскиот град Фишах, западно од Минхен, биле изнесени со хеликоптер од своите домови откако се излеа реката Шмутер.

Водостојот расте, дождот не престанува да паѓа. Прогласена вонредна состојба

Мештаните поинаку не можеа да ги напуштат своите домови, изјави портпаролката на окружните власти. Според полицијата, службите за итни случаи и чамците ќе ги преземат луѓето во поплавените домови. Неколку соседни окрузи прогласија вонредна состојба бидејќи дождот продолжува да паѓа и нивото на водата расте.

Во сојузната покраина Баден Виртемберг, западно од Баварија, ситуацијата брзо се влоши откако реката Ротум почна да се излева на неколку места.

Во малиот град Рајнштетен, 150 служби за итни случаи работат повеќе од 22 часа за да ја ублажат поплавата што се случи по пукањето на браната, изјави градоначалникот Филип Буеркл за ДПА.

Буеркл рече дека противпожарните служби од блиската област пумпаат вода од подрумот и дистрибуираат вреќи со песок. Досега е евакуиран само еден дом за стари и изнемоштени лица во кој престојувале 15 лица.

 

Училиште во селото Мекенбеурен, во близина на езерото Констанца, мораше да биде евакуирано откако локалната река проби вреќи со песок поставени околу него.

Германската метеоролошка служба предвиде дополнителни грмежи и до 80 литри дожд на метар квадратен во јужните делови на Германија. Невремето се очекува да продолжи и утре.

Прикажи повеќе...

Свет

Пукање во западна Германија, ранети четири лица, напаѓачот е во бегство

Објавено пред

Четири лица се ранети денеска во престрелка во Хаген, во западна Германија, а осомничениот сторител е во бегство, соопшти полицијата. Во потрагата бил вклучен и полициски хеликоптер.

dobivaj vesti na viber

Властите претходно потврдија за ДПА дека двете места на злосторството вклучуваат фризерски салон и блиска станбена зграда во Хаген, јужно од Дортмунд.

Полицијата е на местото на злосторството, а на граѓаните им се препорачува да го избегнуваат просторот околу местото на злосторството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Според Села мал е бројот на ресори што ќе ги добие „Влен“, му одговорија дека е губитник, а иднината на албанскиот народ е сигурна

Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците...

Македонија10 часа

Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова...

Свет11 часа

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат...

Македонија12 часа

(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово

На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово. Мечката се обидува...

Топ17 часа

Почина скопски таксист: возејќи патник на „Словенечка“ доживеал срцев удар

Таксист во Скопје почина од срцев удар. Се работи за 62-годишен скопјанец со иницијали Ќ.В., кому му се слошило на...

Свет18 часа

„Долга и тешка ноќ“ – Зеленски се огласи по рускиот напад, Полска го коментираше подигањето на авионите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по масовниот воздушен напад утринава од страна на руската армија врз енергетската инфраструктура на Украина,...

Македонија18 часа

Започна полагањето на државната матура

Со тест по мајчин јазик, вкупно 14.834 ученици го започнаа полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година. По овој...

Македонија19 часа

Стоилковски: Дванаесетте директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

ВМРО-ДПМНЕ бара од директорите на Хирургија да кажат колку операции се одбиени, колку пацинети се препратени од Хирургија во овие...

Свет19 часа

Реакции по планот на Бајден за крај на војната во Газа, Хамас е подготвен за разговор

Дел од светските лидери го поздравија новиот мировен план за Појасот Газа што го претстави американскиот претседател Џо Бајден. Хамас...

Свет19 часа

(Видео) Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Руската армија рано утринава нападна енергетски капацитети во пет региони на Украина, објави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко. Како...

Свет19 часа

По Италија и Белгија не дозволува Украина да го користи нивното оружје за цели во Русија

Белгискиот премиер Александре Де Кроа изјави дека Белгија нема намера да и дозволи на Украина да го користи оружјето што...

Свет22 часа

Шефот на ОН го поддржа планот на Бајден за мир во Газа: „Да завршиме со оваа војна“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поддржа новиот предлог за запирање на војната во Газа, претставен од американскиот...

Македонија23 часа

Претпладне топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните...

Свет1 ден

(Видео) „Никој не е над законот“ – се огласи Бајден по пресудата против Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пресудата на Доналд Трамп во судскиот процес за поткуп на ѕвездата од филмовите за...

Свет2 дена

Блинкен потврди: САД му дозволија на Киев да користи американско оружје за цели во Русија

Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри употреба на американско оружје од страна на Украина за цели во Русија, од каде се...

Македонија2 дена

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: „Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење“

Јован Деспотовски објави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, а кандидатурата ќе ја поднесе во зависност од роковникот....

Топ2 дена

20-годишник од Радовишко настрада по удар од гром

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром, извести МВР. Околу 20 часот во Полициската станица...

Македонија2 дена

За грабнувањето и свирепото убиство на Вања и Панче – обвинение против четворица, за Палчо и за возачот продолжува истрагата

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се...

Македонија2 дена

(Видео) Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на собраниската седница праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник, може...

Македонија2 дена

„Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, опасно по живот“, предупредува ЦУК

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО“ дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница...