Свет
Се разгорува војната меѓу поранешни и сегашни тутунски шефови
Бирото за стоковни резерви вчера во целост ги демантира тврдењата за злоупотребите со тутунот што во саботниот број на „Време“ ги изнесе поранешниот директор на Бирото Ванчо Пеловски
Бирото за стоковни резерви вчера во целост ги демантира тврдењата за злоупотребите со тутунот што во саботниот број на „Време“ ги изнесе поранешниот директор на Бирото Ванчо Пеловски, а со демант се огласи и повиканиот Страшо Нелковски, член на Комисијата за утврдување на квалитетот на тутунот во Бирото.
Со тоа се разгоре војната за тутунот од државните резерви што пред десетина дена ја почнаа ВМРО-НП и луѓето блиски до поранешната власт против актуелните функционери.
„Договорот за извоз на ферментиран тутун е потпишан од Ванчо Пеловски од една страна и Стевче Коцевски од страната на ‘Македонија табак’ Експорт импорт – Скопје, на 18 ноември 1999 година, со број 07-995/1 и 03-3735. Протоколот број 01-722/1 и 03-1595 од 11 декември 2000 година, за намирување на обврските е потпишан од истите луѓе. Дописот за фактури за извезениот тутун во БиХ, Хрватска и во Египет од ‘Македонија табак’ ДООЕЛ Скопје е потпишан од Васе Аврамоски“.
Тоа се дел од документите што Бирото вчера ги понуди како контрааргумент на тврдењата на Пеловски.
„Господа учители и ученици-душегрижници за народните пари на Република Македонија, ако сакате уште вакви бисери, еве неколку: Експорт-импорт банка 209 милиони пропаднати, пет милиони уплатени на Кипарска фирма со македонско потекло, ги нема ниту парите, ниту пченицата. Триста и триесет милиони отстапено побарување од ‘Жито Битола’ на фирма на Смиленски, ги нема ниту парите, ниту пченицата…”, се вели во соопштението од Бирото.
Поранешниот генерален директор на „Македонија табак-тутун“ ДООЕЛ Скопје Страшо Нелковски, кој сега е член на комисијата за процена во Бирото за стоковни резерви, тврди дека не го потпишал договорот, ниту имал каква и да е врска со „исчезнувањето“ на седумте милиони евра од тутунот од државните резерви во 1999 година.
За тоа, Пеловски ги обвини Нелковски и „структурите околу него“ откако од Бирото за одговорни ги посочија функционерите од владата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
– Јас на 15 јули 1999 година дадов оставка на директорската функција во „Македонија табак“. Не бев на функцијата ниту физички, ниту формално во тоа време, така што никаков договор со Бирото не сум можел ни да потпишам – изјави Нелковски.
Тој, во прилог на своите тврдења, презентира документи чија исправност и веродостојност не успеавме да ги провериме.
Д. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

