Свет
Лидерот на СДСМ најави и нов проект „Здравствена заштита за сите“
Пензии поголеми за 10 отсто, лекови без партиципација за пензионерите и бесплатно доставување на пензиите од „Македонски пошти“, вети лидерот на СДСМ Владо Бучковски, на завчерашната трибина во Кичево
Бучковски вети пензии поголеми за 10 отсто
Пензии поголеми за 10 отсто, лекови без партиципација за пензионерите и бесплатно доставување на пензиите од „Македонски пошти“, вети лидерот на СДСМ Владо Бучковски, на завчерашната трибина во Кичево, на која промовира дел од партиската програма. Тој најави дека со новата влада ќе го исполни ветувањето за вработување по еден член од секое семејство.
– Изминативе четири години ветивме и успеавме да ги зголемиме платите во јавната администрација, во здравството и во образованието. Продолжуваме со проект за подобрување на социјалната положба на граѓаните. Пензионерите се тие што ќе препознаат дека во програмата на СДСМ има реален дел за нив за зголемување на пензиите. Со зголемување на економскиот развој ќе се зголеми и бруто-домашниот производ, а пензиите ќе го следат тој развој. Во следните четири години пензиите ќе се зголемат до 10 проценти – вети Бучковски.
Тој вети и бесплатни лекови за пензионерите, како и бесплатно доставување на пензиите.
Премиерот најави и нов проект „Здравствена заштита за сите“, со кој ќе се намалел притисокот кон Агенцијата за вработување и ќе се дојде до вистинската бројка колку невработени во државава навистина бараат работа, а колку се пријавуваат заради здравствено осигурување.
– Проект за аграрот е дел од програмата и адутите на коалицијата „За Македонија заедно“. Израел е стратегиски партнер на Македонија во земјоделството. Ќе обезбедиме сигурен извоз земјоделските производи, да не зависиме само од домашните фирми. Ќе ги намалиме на нула проценти царините и даноците за репроматеријалите и за увоз на механизација за земјоделството – рече Бучковски во Кичево.
Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со неа тешко може да се разговара за стратегиските национални прашања и евентуално партиско обединување за нив.
– Не ми е јасно зошто Никола Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одби последниот предлог на Метју Нимиц за решавање на спорот за името со Грција. Ние сме подготвени да се обединиме околу проектот европска Македонија, но дефинитивно ВМРО-ДПМНЕ работи на друга оска. Немаат расчистено за стратешките прашања за судбината на земјата и застапуваат интереси на некои други. Јас се залагам за обединување на сите партии во Македонија околу стратешките интереси и интеграцијата во НАТО и ЕУ – додаде премиерот.
(Т.П.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

