Свет
СДСМ се пишмани за службената злоупотреба
По острите реакции во јавноста, СДСМ сега се двоуми дали да го игнорира ветото на шефот на државата
По острите реакции во јавноста, СДСМ сега се двоуми дали да го игнорира ветото на шефот на државата
Социјалдемократите се пишманат за поддршката за измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи една значително поблага формулација за злоупотребата на службената должност. По острите реакции во јавноста, владејачката партија сега се двоуми дали да го игнорира ветото на шефот на државата, Бранко Црвенковски, и повторно да ги изгласа споменатите законски корекции или да оди на варијантата Владата да предложи нов закон. Овој законски текст би се однесувал само на зголемување на санкциите за изборните нерегуларности и би бил ставен на нова собраниска седница. Ваквата опција станува с` поизвесна откако парламентот, под разни изговори, неколку дена го одлага репризното издание на измените на Кривичниот законик.
Вчера, откако спикерот Љупчо Јордановски по неколку неуспешни обиди едвај обезбеди кворум за работа, СДСМ издејствува промена на дневниот ред, па корекциите на Кривичниот законик неочекувано се поместија за последна точка. Лути поради ваквиот потег, пратениците од ВМРО-Народна побараа пауза, но попладнето, иако беа во парламентот, не влегоа во собраниската сала, по што Јордановски ја одложи седницата за денеска. Пратеникот од ВМРО-Народна Жарко Караџоски, кој го поднесе контроверзниот амандман, кој стана составен дел на Кривичниот законик, само кусо прокоментира дека се изненадени од промената на однесувањето на СДСМ. Ниту тој ниту кој било пратеник од ВМРО-Народна не сакаше да каже дали денеска ќе влезат во собраниската сала.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јани Макрадули, вчера ги избегнуваше медиумите, одбивајќи да даде каков било коментар, велејќи дека е презафатен со други обврски. Од новинарите бегаа и парламентарците од ЛДП, кои првиот пат, исто така, го гласаа законот, а вчера само ги креваа рамениците.
Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, ликуваа поради новонастанатата ситуација, но не ја исклучуваа можноста од „дополнителни пазарења меѓу ВМРО-Народна и СДСМ“. Особено поради тоа што пред овој парламент како обврска стои и законот за следење на комуникациите, со кој ќе се легализира прислушувањето. Станува збор за двотретински закон, а обезбедувањето 80 гласа без пратениците на ВМРО-Народна практично е невозможно.
Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик на 5 мај, но Црвенковски не го потпиша указот откако претходно се консултирал со домашни и странски експерти, но и со меѓународните претставници во нашата земја. Дипломатите биле фрапирани од упорноста по секоја цена да се амнестираат политичарите кои ја злоупотребиле службената положба.
Црвенковски тогаш образложи дека спорната измена на Кривичниот законик фрла сомневање во искрените намери на Владата за лимитирање на дискреционите права на функционерите и борбата против корупцијата. Наспроти ставот на претседателот, премиерот Владо Бучковски тврдеше дека не се прави чекор назад во борбата против корупцијата, туку само се прави преформулација на казнената одредба што ќе им помогнела на судските и на истражните органи да бидат поефикасни.
Последни со апел до пратениците се огласија и од Државната комисија за спречување на корупцијата, која оцени дека „амандманот за членот 353 став 1 од Законикот претставува сериозен упад во системот на кодифицираното кривично-правно законодавство и дерогирање на можностите за ефикасна борба против корупцијата“. Според антикорупционерите, со предложените измени се создаваат услови за неприкосновеност во извршувањето на службената должност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

