Свет
СДСМ не плаќа патарина
Автобуси од кои се вееја партиски знамиња, комбиња и коли, дел од карванот на владејачката коалиција, завчера место да платат патарина, без застанување ги одминуваа наплатните рампи
Автобуси од кои се вееја партиски знамиња, комбиња и коли, дел од карванот на владејачката коалиција, завчера место да платат патарина, без застанување ги одминуваа наплатните рампи
Автобусите, комбињата и колите на изборниот карван на Коалицијата "За Македонија – заедно", кои од сите делови на Македонија завчера дојдоа на конвенција во Скопје, не плаќаа патарина. Рампите на наплатните станици низ цела Македонија беа кренати за карванот. Се пропуштаа сите автобуси од кои се вееја знамиња на СДСМ и коалицијата, а рампата се креваше уште од далеку кога вработените на патарините ќе забележеа дека доаѓа автобус со изборен плакат од премиерот Владо Бучковски залепен на шофершајбната. Возачите на автобусите, место да платат, само им креваа рака на луѓето од патарините во знак на поздрав и без застанување ги одминуваа. Застануваа само колите и комбињата на кои немаше партиски ознаки. Тие на вработените на патарините само им кажуваа дека се со карванот и рампите се креваа.
Од наплатните станици завчера ни рекоа дека им стигнала наредба од Управата да ги пропуштаат возилата од карванот, па затоа без приговор ги кревале рампите. Тие мака мачеа со возачите кои не беа од карванот и од кои се бараше да си ја платат патарината, а пред нив минуваа возилата од карванот без воопшто да застанат.
Дуфе Кукоски, директор на "Македонија пат", во чија надлежност се наплатните станици, пак, вели дека тој не издал таква наредба.
"Јас не сум дал наредба, ниту сум кажал да се кренат рампите и да се пропуштаат возилата од карванот. Можеби возачите на автобусите сами си земале право да не плаќаат патарина, што често и се случува. Ниту некој ме прашал, ниту побарал од мене возилата да се ослободат од плаќање", рече Кукоски.
Борис Кондарко, портпарол на СДСМ, вчера ни рече оти не е точно дека автобусите кои доаѓаа во Скопје на митингот не плаќале патарина. "Секој прв автобус од колоната плаќал патарина за останатите за да нема застој во сообраќајот на наплатните рампи и на автопатиштата", ни изјави вчера Кондарко.
По десетина минути тој се премисли, па ни рече дека автобусите не платиле патарина, бидејќи договорот бил таа да се плати по конвенцијата и тоа на фактура.
Но откако поминаа уште десет минути Кондарко се јави со трета изјава.
"Во цената што ја плативме за автобусите што ги изнајмивме од транспортните претпријатија беше пресметана и патарината. Ние си дадовме пари за патарина, но не знаеме што се случувало на наплатните рампи", ни рече Кондарко.
Трите различни изјави Кондарко ги оправда со тоа што морал да се јави на многу луѓе, па целата работа станала расипан телефон.
И полицијата завчера не преземаше мерки против автобусите, колите и комбињата кои не плаќаа патарина. Тие се координираа со вработените на патарините и немо гледаа како возилата ги одминуваат рампите.
Екипата на "Вест" која завчера со свој автомобил го следеше карванот, на една од патарините си ја проба среќата. На зборовите: "Со карванот сме", рампата се крена без ниту едно дополнително прашање. (М.И.П.-И.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

