Свет
5.255 желки пронајдени во куфер на аеродромот во Куала Лумпур

Малезиските цариници заплениja над 5.000 желки пронајдени во куфер на аеродромот во Куала Лумпур. Според медиумите, запленети се 5.255 мали желки спакувани во 32 пакувања во багажот на двајца Индијци, кои допатувале од Кина. Според цариниците, тие немале дозвола за желките.
Тие им рекле на истражните органи дека желките чија вредност се проценува на 12.700 американски долари планирале да ги продаваат како миленичиња во Индија.
Индијците на возраст од 30 и 42 години се очекува да бидат обвинети и може да се соочат со пет години затвор и парична казна.
Запленетите желки се од видот кој е меѓу најчесто тргуваните на пазарите за домашни миленичиња. Дозволите за транспорт на желките се неопходни бидејќи младите желки се преносители на салмонела и на други заразни болести. Во Австралија овој вид се смета како закана за популацијата на желки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по локално време кога млад човек вооружен со секира нападнал луѓе на кампусот.
Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител изјави дека еден административен службеник на универзитетот бил убиен на местото на настанот. Обезбедувачот бил префрлен во болница во критична состојба.
Варшавската полиција потврди дека привела 22-годишен Полјак. Според информациите, станува збор за студент.
Ректорот на универзитетот изјави дека четврток ќе биде ден на жалост во институцијата, нарекувајќи го нападот „огромна трагедија“. „Изразуваме голема тага и сочувство до семејството и најблиските“, се вели во соопштението на ректорот.
Свет
Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник е жив, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Има уште тројца за кои, за жал, има сомнеж дека се живи“, рече тој во видео порака објавена на неговиот профил на Икс мрежата.
Нетанјаху изјави дека Израел „нема да се откаже од ниту еден од нив“. Тој, исто така, истакна дека Израел ќе може сам да се справи со Хутите.
„Израел ќе се брани. Го правиме ова во Јемен, го правиме ова и на други места, на долги растојанија. Израел има многу долга рака и ние ќе знаеме како да ја користиме. Ако ни се придружат и други, нашите американски пријатели, уште подобро. Ако не, ќе се браниме“, рече тој.
Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu said Wednesday there is “doubt” about the survival of three hostages previously believed alive in Gaza.https://t.co/8rUnsOzkVX
— 7News Boston WHDH (@7News) May 7, 2025
Нетанјаху го опиша Иран како „голем предизвик“ во видео пораката. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека бројот на живи заложници во Газа се намалил од 24 на 21.
Европа
Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална Москва не одговорила на понудата.
„Понудата на Украина за прекин на непријателствата и воспоставување прекин на огнот од најмалку 30 дена останува на сила. Ние не го повлекуваме овој предлог, кој би можел да ѝ даде шанса на дипломатијата“, рече Зеленски во редовното вечерно обраќање на платформата Икс.
Тој додаде дека „апсолутно е фер што руското небо, небото на агресорот, денес не е мирно“, признавајќи дека Украина извршува напади со беспилотни летала врз цели на територијата на Руската Федерација, според Ројтерс.
Зеленски зборуваше неколку часа пред да стапи во сила тридневниот прекин на огнот предложен од Русија за одбележување на годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.