Свет
Дактилографката во притвор, адвокатите ги спасува комората
Вчера во истражното одделение во Основниот суд 1 во Скопје беа сослушувани тројца осомничени за злоупотреби направени во извршниот отсек каде со фалсификувани решенија од Буџетот на република Макеоднија биле земени над 50 000 евра
СЕ РАСЧИСТУВА КРИМИНАЛОТ ВО ИЗВРШНИОТ ОТСЕК ВО ОСНОВНИОТ СУД 1 ВО СКОПЈЕ
Вчера во истражното одделение во Основниот суд 1 во Скопје беа сослушувани тројца осомничени за злоупотреби направени во извршниот отсек каде со фалсификувани решенија од Буџетот на република Макеоднија биле земени над 50 000 евра
Јасмина Василевска, дактилографка во извршниот отсек во Основниот суд 1 во Скопје од вчера попладне е во притвор оти е осомничена злоупотреба на службената должност и овластување. Осомничената службеничка според сознанијата на истрагата со фалсификувани извршни решенија требало да издејствува да се исплатат пари од Буџетот на Република Македонија.
Парите легнале на сметка на адвокатот Кирил Смичковски кој исто така е осомничен за злоупотреба на службната должност и овластување. За истото дело пријава има и за адвокатката Биљана Николовска која работи со Смичковски во иста адвокатска канцеларија. За неа има уште една пријава за фалсификување. Заедно од Буџетот на Република Македонија со фалсификувани решенија зеле околу 50 000 евра. Тројцата осомничени вчера беа сослушувани пред истражен судија.
Дознаваме дека за адвокатите судијата не можел да одреди притвор оти Адвокатската комора не дозволила. Судот два пати барал од комората да дозволи притвор за нив, оти од обвинителтвото имало барање за спроведување истрага со предлог за притвор. Во одговорот на Адвокатската комора стоело дека барањето на судот ‘не е доволно аргументирано и не содржи доволно податоци за основаноста на барањето’. Управниот одбор на комората не дал согласност повикувајќи се на член 21 од законот за адвокатура донесен 2002 година во кој стои дека адвокатот во вршење на адвокатска дејност има имунитет и не може да биде лишен од слобода ниту притворен за кривично дело без согласност од Адвокатската комора на Република Македонија.
Криминалот во овој отсек бил откриен на 26 април годинава кога било откриено фалсификувано извршно решение. Од народна банка било добиено известување дека нив стигнало извршно решение под И број 476/06 од 29 март 2006 година и кое било неразбирливо. Била спроведена внатрешна контрола при што било утврдено дека било злоупотребено име на судија бидејќи во предметот кој што го работел судијата воопшто не фигурирале странките кои биле наведени во фалсификуваното решение. Според доставната книга дента во Нардона банка иако биле подготвени повеќе решенија, било однесено едно фалсификуваното решение за кое доставувачот кажал дека било по ургенција на дактилографката. Дактилографката веднаш беше суспендирана. Истрагта која ја работеле од одделот за организиран криминал во обвинителтвото открила дека биле направени четири вакви фалсивикувано решенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

