Свет
„Скопски пазар“ насилно наплаќал поскапа тезгарина
Според новите цени, киријата за тезга на „Зелен пазар“ чини 5.100 денари, а беше 4.200 Акционерското друштво „Скопски пазар“ без никаква најава пред три дена им ја зголемило киријата за тезгите на продавачите од „Зелен пазар“, а вработени во Друштвото завчера насилно ја собирале повисоката тезгарина, тврдат продавачите.
Според новите цени, киријата за тезга на „Зелен пазар“ чини 5.100 денари, а беше 4.200
Акционерското друштво „Скопски пазар“ без никаква најава пред три дена им ја зголемило киријата за тезгите на продавачите од „Зелен пазар“, а вработени во Друштвото завчера насилно ја собирале повисоката тезгарина, тврдат продавачите.
Новата цена за месечно користење тезга „Скопски пазар“ им ја соопштил на тезгаџиите во вторникот, а веќе следниот ден, на изборите, почнал и да ја наплаќа. На продавачите им било кажано дека на оние што дента нема да ја платат киријата, ќе им биде одземена тезгата, па многумина платиле. Пазарџиите се жалат дека вработените од „Скопски пазар“ биле груби кон нив кога дошле да ги собираат парите. Според новиот ценовник, месечна кирија за тезга на „Зелен пазар“ чини 5.100 денари, наместо досегашните 4.200. „Скопски пазар“ им наплаќа дополнително повисока кирија на продавачите што имаат тезги веднаш покрај оградата, бидејќи „се наоѓале на ударно место и имале повисока заработувачка“.
– Порано имавме рок до десеттиот ден од месецот да ја платиме киријата. Овој месец на четврти ни рекоа дека рокот е скратен и оти мора да си ја намириме обврската до 5 јули. Тогаш и ни кажаа дека ја зголемиле тезгарината. Прво ни рекоа дека денот на изборите и за нас ќе биде неработен, но кога видоа дека после нема да можат да ги соберат парите, ни наредија да работиме и почнаа да наплаќаат насилно и со закани. Ова е невиден арамилак – раскажува тезгаџијата А.С.
Продавачите, кои сакаат да останат анонимни, се револтирани од односот на „Скопски пазар“. Велат, не е првпат без најава да им ја зголемат киријата.
– Крвта ни ја исцицаа. За толку пари што даваме не добиваме буквално ништо. Зиме мрзнеме, лете се онесвестуваме од жештините, зашто пазарот не е покриен. Дури ни наплаќаат по пет денари за користење на вецето, кое е нивна сопственост. Месечно плаќам кирија за тезгата и 6.000 денари за здравствено и пензиско осигурување. Одвај преживувам со тоа што останува од заработувачката. Ама каде да се жалам? Кадија те тужи, кадија ти суди. Директорот на „Скопски пазар“ се исплаши дека по изборите нема да има како да и’ се оправда на новата власт за трошењето пари за партиска кампања, па сака од нашата пот да го покрие минусот. Срамота – револтирано вели еден продавач.
„Скопски пазар“ пред три месеци ја покачи киријата и на пазарите во Буњаковец и во Тафталиџе за 300 денари. И таму тезгаџиите се незадоволни и крајно револтирани од монополското однесување на Акционерското друштво.
– Не знам до кога ќе демонстрираат вакво самоволие. Кога ќе им текне ја поскапуваат киријата, без воопшто да не’ консултираат или барем да не’ известат еден месец порано. Да ги видам дали смеат да ја покачат закупнината на „Бит-пазар“? Таму не смеат да стапнат. Нашиот пазар е празен. Во лето нема промет, луѓето не купуваат ништо. Како да преживееме? Ни рекоа дека од октомври ќе ни ги намалеле кириите, ама искрено, воопшто не верувам во тоа – вели една продавачка од пазарот „Буњаковец“.
И покрај нашите напори, вчера не успеавме да добиеме објаснување од директорот на „Скопски пазар“, Трајче Давитковски, за зголемувањето на закупнината за тезгите.
Даница Тунтевска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

