Контакт

Свет

Во Штип вистинска војна за „Македонка џинс"

Објавено пред

Дисквалификуван штипскиот конзорциум ВИТ, во игра останува турската компанија „Јаја Мезлер"

dobivaj vesti na viber

Дисквалификуван штипскиот конзорциум ВИТ, во игра останува турската компанија „Јаја Мезлер"

ШТИП – Одборот на доверители на АД „Македонка џинс" во стечај, најзачуваното друштво од некогашниот гигант на македонската текстилна индустрија „Македонка" – Штип, на завчерашната седница, разгледувајќи ги класификационите документи, донесе одлука за дисквалификација на штипскиот конзорциум ВИТ, составен од четири текстилни претпријатија. Одборот на доверители констатирал дека понудата на овој конзорциум не била во согласност со упатствата и како таква таа е невалидна. Со тоа, во понатамошна постапка за добивање на овој капацитет останува само турската компанија „Јаја Мезлер", чија понуда била во согласност со упатствата на јавниот тендер.

На дисквалификацијата вчера жестоко реагираа членките на штипскиот конзорциум. Тие сметаа дека станува збор за нечесни игри, пред сж, на стечајниот управник Димитар Аџиев, за кого рекоа дека претпоставуваат дека има свои интереси.

„Ако нешто недостасуваше во нашата документација, тогаш стечајниот управник согласно со законот имаше обврска документите кои недостасуваат да ги побара во рок од една недела од нивното отворање. Тој не го направи тоа и мислиме дека во тој негов чин има тенденција за наша предвремена елиминација. Ние сме сериозни менаџери на успешни компании, на ист начин учествуваме на тендерот за купување на модната конфекција ’Астибо‘, па откако станавме нејзини стратегиски инвеститори, таму обезбедивме работа за над 1.300 работници", изјавија Венцо Филипов и Владо Нетков.

Во известувањето за причините поради кои овој конзорциум е дисквалификуван стои дека подигнала тендерска документација и извршила уплата на тендерскиот депозит фирмата ВИТ, која е во сопственост на бизнисменот Венцо Филипов. Но, наместо понудата за учество на тендерот во свое име и за своја сметка да ја даде ВИТ, таа била дадена од „Џинс Деним конзорциум", односно од четирите друштва кои го сочинуваат: ВИТ, „Нов тренд", „Модена" и „Максима".

Стечајниот управник Димитар Аџиев ги отфрла обвинувањата упатени од членовите на конзорциумот. Според него, тие самите се виновни за дисквалификацијата.

„Не може една фирма да подигне тендерска документација, а друга фирма, со истата документација, да достави понуда за учество на тендер. Точно е тоа дека како стечаен управник имам обврска да ги информирам учесниците да набават некој документ ако таков фали во документацијата, но само ако односната фирма ги почитувала законските обврски при пријавувањето на тендерот. Одборот на доверители ја елиминира фирмата ВИТ која подигна тендерска документација, но не учествуваше на тендерот. Согласно со законот, конзорциумот не е учесник во тендерот, бидејќи тој и не подигнал тендерска документација. Според тоа, вината за нивната дисквалификација тие треба да ја бараат кај себе.

И додека членовите на конзорциумот тврдат дека ќе ги искористат сите правни можности за да докажат дека нивната дисквалификација била незаконска, Димитар Аџиев тврди дека постапката ќе продолжи да тече според законот.

„Турската компанија е единствената која остана во игра и наскоро ќе биде отворена финансиската понуда со бизнис-планот. Очекуваме процесот да се заврши до крајот на месецов, кога Собранието на доверители ќе донесе конечна одлука", ни изјави Аџиев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Маж нападна полицаец со нож во Париз

Објавено пред

Од

Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.

Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време

Објавено пред

Од

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.

dobivaj vesti na viber

„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.

Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.

„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.

„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.

Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп

Објавено пред

Од

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.

dobivaj vesti na viber

Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.

„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.

Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.

На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.

„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.

Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.

Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ16 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија16 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија17 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија18 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија18 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион19 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија20 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија20 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет20 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет21 час

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа21 час

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет21 час

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет22 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа22 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...