Свет
Синодот го премолчи прашањето за одговорност за „случајот Говрлево"
Членовите на Светиот архијерејски синод на вчерашната седница не го поставија прашањето за одговорност за продажбата на 17 илјади квадратни метри црковен имот во скопско Говрлево за 200 илјади евра на скопска цементарница „Усје".
Рокади во Повардарската и во Брегалничката епархија
Членовите на Светиот архијерејски синод на вчерашната седница не го поставија прашањето за одговорност за продажбата на 17 илјади квадратни метри црковен имот во скопско Говрлево за 200 илјади евра на скопска цементарница „Усје". Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, вчера само реферирал за Говрлево, претставувајќи го пред членовите на Синодот, но ниту владиката Петар, кој најмногу реагираше за случајот, а ни другите членови не побарале одговорност за договорот за кој не бил известен Синодот, а наводно го потпишал секретарот на Скопската епархија.
Портпаролот на МПЦ, Тимотеј, вчера потврди дека сите преговори и разговори за Говрлево се повлечени. „Членовите на Синодот беа информирани од прва рака од архиепископот Стефан за Говрлево, а од митрополитот Кирил слушнаа и за дислокација на болницата од манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј". Но, бидејќи тоа прашање е од делокруг на Архиепископскиот управен одбор, Синодот само стави забелешка да се внимава кога се донесуваат такви одлуки или да се подготви локалното население за да не се намали угледот на МПЦ", изјави вчера порптаролот на МПЦ, Тимотеј, по завршувањето на синодската седница.
Според него, прашањето за одговорност никој не го спомнал на вчерашната седница. А што се однесува до евентуалната одговорност на секретарот на Скопската епархија, портпаролот Тимотеј одговори дека за тоа не е надлежен Синодот.
Синодот на вчерашната седница го разрешил митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј од местото администратор на Повардарската епархија, а на негово место го постави брегалничкиот митрополит Агатангел, кој новата должност ќе ја извршува од октомври. Синодот одлучил на местото на Агатангел, за митрополит на Брегалничката епархија да дојде епископот Иларион, кој би требало да се устоличи во текот на ноември. На седницата се спомнала и можноста за нови членови на Синодот, но засега нема конкретна одлука. Синодот го разрешил и в.д. секретарот Ратомир Гроздановски, кој досега бил ангажиран хонорарно. На негово место е назначен епископот Климент.
Синодот вчера одредил и термини за интронизација на двајцата избрани митрополити и тоа за Американско-канадската епархија, г. Методиј, а за Европската епархија, Пимен. Термините се закажани за првата недела во септември во Канада, 12 ноември во Малме и октомври во Велес и во Штип.
На седницата било спомнато и прашањето за преговорите со СПЦ, но МПЦ нема став за продолжување на преговорите. (Ж.Ѓ.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

