Свет
Приватните ординации и болници ја крадат државата
Приватните здравствени организации кријат дека прават добивка од здравствените услуги и со тоа ја крадат државата. Во ниту една приватна ординација или болница во земјава за направените здравствени услуги на пациентите не им се издава фискална сметка.
Приватните здравствени организации кријат дека прават добивка од здравствените услуги и со тоа ја крадат државата. Во ниту една приватна ординација или болница во земјава за направените здравствени услуги на пациентите не им се издава фискална сметка. На овој начин државата нема увид во прометот и добивката што ја остваруваат приватните лекари и директно ја оштетуваат државната каса. Ништо подобри не се ни државните медицински установи. И кај нив за прегледите за кои се плаќа од сопствен џеб на болните не им се издава сметка со која би се водела евиденција за направениот профит.
Со оглед на тоа дека нема здравствена услуга која е поевтина од 1.000 денари, се проценува дека со неплаќање на данокот државата губи десетици милиони евра.
Но, државата по сж изгледа дека многу не се потресува за данокот од добивка по приватните ординации и болници. Во Управата за јавни приходи не сакаа да кажат дали и колку приватните здравствени организации плаќаат данок, зашто тие им гарантираат дискреција за прометот и профитот. Од Управата на Клиничкиот центар, пак, објаснуваат дека како државна институција здравствените услуги не подлежат на даночна обврска и затоа не се издава фискална сметка.
Во земјава, според податоците на Министерството за здравство, регистрирани се пет приватни болници и околу 1.000 ординации и друг вид приватни здравствени организации. Во ниедна од нив, барем според кажувањата на пациентите, за наплатената здравствена услуга не им се дава фискална сметка. „Каква фискална сметка. Добро е ако ни дадат и обична сметка или парагон-блокче", е најчестиот коментар на пациентите, кои многу не сакаат да зборуваат на оваа тема зашто, велат, дека кога човек има мака и кога станува збор за здравјето, не се гледа колку пари се даваат, па уште помалку дали лекарот им дал фискална сметка или не. Но, ако пациентите не ги интересира дали лекарот ч плаќа данок на државата за направениот профит, тогаш постојат државни институции кои треба да водат сметка за тоа дали се почитува даночната обврска.
А Управата за јавни приходи, која во овој случај е најповикана, остана без коментар и за тоа дали врши контрола во приватните здравствени организации дали имаат фискални каси. Според толкувањето од здравствениот сектор, здравствените услуги се ослободени од ДДВ и од данок на промет, но не се ослободени од данок на добивка кој лекарите треба да го пријавуваат на крајот на годината. Токму затоа, според даночната регулатива, приватните здравствени организации треба да поседуваат и фискални каси.
А цената на еден преглед или медицинска интервенција во приватните здравствени ординации не се воопшто мали и тие се движат од 500 денари до 1.000 и повеќе евра. Обичен преглед кај општ лекар или специјалист чини од 500 до 1.000 денари. Ехопрегледите се наплаќаат од 1.200 за гинеколошки до 5.000 денари за цело тело. Разните снимања, како што е компјутерска томографија, се наплаќа по најмалку 5.000-7.000 денари или за магнетна резонанца и по 18.000 денари. Кога сумите се толку големи не е можно да нема добивка, реагираат малостопанствениците кои прашуваат зошто ординациите кои се ослободени од другите даноци да бидат привилегирани и да не го плаќаат барем тоа што им е обврска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

