Свет
Бизнисмените бараат смени во Царината
Премиерот Груевски им вети на бизнисмените дека со планираните мерки на Владата ќе се подобри економската состојба во државава
СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ
Премиерот Груевски им вети на бизнисмените дека со планираните мерки на Владата ќе се подобри економската состојба во државава
Мора да се спроведат суштински реформи во судството, правобранителството и во обвинителството, да се реализираат предвидените смени во Царинската управа и да се урне монополот на најголемата шпедитерска куќа во Македонија, побара вчера претседателот на Сојузот на стопански комори Венко Глигоров.
Оваа порака тој му ја упати на премиерот Никола Груевски на деловниот појадок што го имаа членовите на ССК со претставници на Владата.
Премиерот Груевски им вети на бизнисмените дека со планираните мерки на Владата ќе се подобри економската состојба во државава.
– Време е за македонското економско чудо. Во наредните неколку години Македонија ќе стане пример за земја со високоразвиена и успешна економија. Постигнување поголем економски пораст преку развој на приватниот сектор е нашата основна цел. Големата невработеност заслужува агресивен пристап од Владата. Порастот и создавањето работни места се единственото долгорочно решение – рече Груевски.
На деловниот појадок организиран од ССК присуствуваа и министрите за економија и за транспорт и врски, Вера Рафајловска и Миле Јанакиевски, и вицепремиерот Зоран Ставревски.
Претставниците од Комората целосно ја поддржаа Владата во напорите за спроведување на планираните реформи. Глигоров смета дека Владата успешно почнала да ги решава главните економски проблеми. Во Сојузот на стопанските комори сметаат дека голем проблем е начинот на кој функционираат „Македонски телекомуникации“.
– Работата на телекомот ја влошува конкурентноста на македонските компании и ги осиромашува граѓаните, а една од најпропулзивните економски гранки, каква што е информатиката, не може да се развива – смета Глигоров.
Кривични пријави за четири судии
Сојузот на стопанските комори поднесол кривични пријави против четворица судии од Основниот и Апелациониот суд во Скопје поради злоупотреба на службената должност. Во ССК тврдат дека судиите прибавиле значителна имотна корист за друг субјект, односно за поднесувачот на пријави за упис во Стопанската комора на Македонија.
– Очекуваме резултати од судството и казна за нивните евентуални злоупотреби – изјави претседателот на ССК, Венко Глигоров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Швајцарија ќе гласа за ограничување на бројот на населението на 10 милиони
Швајцарија ова лето ќе гласа за предлогот на крајно десничарската Швајцарска народна партија (SVP) за ограничување на населението на 10 милиони. Овој потег би можел да ги загрози клучните договори со Европската Унија и, според противниците, сериозно да ја оштети економијата, пишува „Гардијан“.
Иницијативата предвидува ограничување на растот на населението, што, според критичарите, би можело да му наштети на швајцарското стопанство и на односите со Европската унија.
Ако населението ја надмине границата од 9.5 милиони (во моментов 9.1 милион), државата би била обврзана да воведе рестрикции за имиграција, вклучително и за барателите на азил и спојување на семејства. Доколку се достигне 10 милиони, мерките би станале уште поригорозни, а Швајцарија би морала да го раскине договорот за слободно движење со ЕУ – нејзиниот најважен трговски партнер.
Партијата SVP тврди дека „експлозијата на население“ ги зголемува трошоците за изнајмување и го оптоварува јавниот систем. Од друга страна, економските асоцијации и компании како Roche, UBS и Nestlé предупредуваат дека иницијативата би можела да доведе до преселба на бизниси, пад на даночните приходи и губење на услуги.
Анкета од декември покажала дека 48% од граѓаните ја поддржуваат иницијативата, што упатува на длабока поделба во јавноста за прашањето на имиграција и демографија.
Свет
ОН: Спречени пет обиди за атентат врз сирискиот претседател и двајца министри
Според извештај на Обединетите нации, во текот на изминатата година биле спречени пет обиди за атентат врз сирискиот претседател Ахмад ал-Шараа и министрите за внатрешни и надворешни работи.
Во извештајот на генералниот секретар Антонио Гутереш, подготвен од Канцеларијата на ОН за борба против тероризмот, се наведува дека нападите биле планирани од група наречена Сараја Ансар ал-Суна, која се смета за параван на Исламска држава. Локации на обидите биле северната провинција Алеп и јужна Дара.
ОН истакнува дека ИД сѐ уште активно се обидува да ја дестабилизира новата сириска власт и го користи безбедносниот вакуум во земјата. Претседателот ал-Шараа, поранешен лидер на Хаџат Тахрир ал-Шам, дојде на власт по соборувањето на Башар ал-Асад во декември 2024.
Во извештајот се наведува и дека ИД продолжува со активности низ Сирија, а во напад од заседа на 13 декември кај Палмира биле убиени двајца американски војници и еден цивил, додека биле ранети уште шестмина.
Свет
САД и Иран покажуваат подготвеност за компромис
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека САД и Иран се подготвени да постигнат нов нуклеарен договор, но предупреди дека вклучувањето на иранската балистичка програма во преговорите би можело да предизвика уште една војна, пренесе Танјуг.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Фидан рече дека Вашингтон сигнализирал подготвеност да толерира иранско збогатување на ураниум во строго определени граници, додека Техеран „искрено сака вистински договор“ и е подготвен да прифати ограничувања и строги инспекции, слично на договорот од 2015 година.
Според него, инсистирањето на САД да се решат сите прашања истовремено – вклучително и иранскиот арсенал на балистички ракети и поддршката за регионални сојузници – би можело да го блокира напредокот во нуклеарниот дел од преговорите.
Минатата недела во Маскат се одржаа индиректни разговори помеѓу американските претставници Стив Виткоф и Џеред Кушнер (зет на американскиот претседател), и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, со посредство на Оман и дипломатски напори на Турција, Катар и Египет.
И Вашингтон и Техеран го оценија состанокот како позитивен прв чекор и најавија нова рунда преговори.

