Свет
Осум сопственици на обложувалници ќе бидат кривично гонети
ТЕТОВО – Тетовската подрачна единица на Управата за јавни приходи поднесе кривични пријави против осум сопственици на објекти кои нелегално организирале игри на среќа.
Поднесени пријави по минатомесечната акција во Тетово
ТЕТОВО – Тетовската подрачна единица на Управата за јавни приходи поднесе кривични пријави против осум сопственици на објекти кои нелегално организирале игри на среќа.
Тоа е досегашен епилог по неодамнешната организирана акција, кога беа затворени околу 50 обложувалници. Иако инспекторите ги затворија овие објекти, според наши извори, повеќето од нив веднаш ги скршиле пломбите и повторно ја организирале нелегалната дејност.
Се тврди и тоа дека на ваквиот однос и комодитет на сопствениците на обложувалници во Тетовско кумувал висок функционер во Управата за јавни приходи, кој за процент од добивката овозможувал да ја продолжат работата, иако немале дозволи за тоа. Како што е познато, за дозвола за официјална дејност на обложувалница за период од девет месеци надоместокот изнесува 30.000 евра во денарска противвредност. (Г.Е.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп: Оставив инструкции во случај Иран да ме убие, тие ќе бидат избришани од лицето на земјата
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека им наредил на своите советници да го уништат Иран во случај на атентат врз него.
„Ако го сторат тоа, тие ќе бидат уништени“, им рече Трамп на новинарите додека потпишуваше извршна наредба со која и се наредува на американската влада да наметне максимален притисок врз Техеран. „Оставив инструкции – ако го направат ова, ќе бидат уништени, нема да остане ништо“, додаде тој.
Во случај на смрт на Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс ќе ја преземе претседателската функција, но не мора да биде обврзан да ги следи упатствата што ги остави неговиот претходник, според АП.
Американските федерални власти со години ги следат иранските закани кон Трамп и другите функционери во неговата администрација. Во 2020 година, Трамп нареди атентат на Касем Сулејмани, командант на силите Кудс на Иранската револуционерна гарда.
Иранската закана за Трамп доведе до засилени безбедносни мерки во деновите пред неговиот предизборен митинг во Пенсилванија во јули, каде што беше погоден со куршум во увото, според американски официјални лица. Меѓутоа, тогаш властите рекоа дека не веруваат дека Иран е поврзан со обидот за атентат.
Американското Министерство за правда во ноември објави дека е спречен иранскиот заговор за атентат на Трамп пред претседателските избори.
Свет
Тинејџер избоден до смрт во училиште во Британија
Пред два дена, 15-годишниот ученик Харви Вилгус беше избоден до смрт во католичкото средно училиште „Сите Светци“ во Шефилд. И покрај напорите на медицинскиот персонал, Харви починал набргу по инцидентот. Вториот 15-годишен ученик е уапсен под сомнение за убиство и моментално е во притвор, пишува „Скај њуз“.
„Го одобривме обвинението за убиство против 15-годишно момче во врска со смртта на Харви Вилгус (15) во католичкото средно училиште „Ол Сентс“ на 3 февруари.
Училиштето беше затворено по инцидентот, а учениците беа испратени дома во мали групи. Полицијата ја повика јавноста да избегнува шпекулации на интернет и да не го открива идентитетот на малолетниот осомничен, со цел да се обезбеди правично судење. Тие, исто така, објавија дека Харви се здобил со сериозни повреди и покрај напорите на медицинскиот персонал, починал набргу по пристигнувањето на итната помош.
Неговата сестра Софи Вилгус му оддаде почит, велејќи дека нејзиното срце е скршено на милион парчиња. Семејството на Харви го опиша како грижлив и хумористичен млад човек и изрази длабока тага поради неговата загуба. Настанот предизвика шок и тага во заедницата, при што многумина му оддадоа почит на Харви со положување цвеќе и пораки надвор од училиштето. Сочувство изрази и британскиот премиер.
Инцидентот се случи откако учениците од средното католичко училиште кое беше оценето добро од Офстед во 2023 година за безбедносни стандарди, беа принудени да се сокријат под нивните клупи минатата недела поради заканувачки однесување од мала група ученици. Полицијата во Јужен Јоркшир соопшти дека интензивно работи на составување целосна слика за тоа како се одвивала оваа трагедија.
Свет
Нетанјаху реагира на предлогот САД да го прземат Појасот Газа: „Тоа може да ја промени историјата“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа може да ја „промени историјата“.
Нетанјаху нагласи дека една од неговите цели во војната е да обезбеди Газа повеќе да не претставува закана за Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.
Трамп, вели тој, има поинаква визија за регионот, кој беше „жариште на тероризам и напади врз Израел“.
Израелскиот премиер додаде дека е важно да се обрне внимание на плановите на Трамп и дека тие потенцијално ќе го променат текот на историјата. Нетанјаху посочи и дека Хамас за време на сегашниот „привремен прекин на огнот“ планира да изврши уште поголем напад од оној на 7 октомври.
Зборувајќи за мирот во регионот, Нетанјаху истакна дека мирот не може да се постигне ако Хамас, кој тој го нарече „токсичен и убиствен“, остане на власт. Додаде дека таргетирањето на уништувањето на оние кои сакаат да го уништат Израел ќе биде клучно за постигнување мир во регионот, вклучувајќи го и мирот со Саудиска Арабија и другите држави.
На тема Иран, Нетанјаху ја поддржа изјавата на Трамп дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, додавајќи дека доколку е можно тоа да се постигне преку кампања за „максимален притисок“, тоа треба да се направи. Трамп рече дека решението за иранското прашање, доколку може да се постигне без војна, ќе биде „огромен успех“, но дека ќе остане да се види како ќе се развива ситуацијата.