Свет
Бесими отфрла одговорност за незаконски активности
Поранешниот министер за економија Фатмир Бесими отфрла одговорност во врска со незаконските активности во овој ресор посочени од Државниот завод за ревизија.
Поранешниот министер за економија Фатмир Бесими отфрла одговорност во врска со незаконските активности во овој ресор посочени од Државниот завод за ревизија.
Ревизорите во извештајот за работата на Министерството за економија во 2005 година посочија низа слабости и незаконитости при распределбата на концесиите за минерални суровини, трошењето на парите од надоместокот што го плаќаат фирмите и непочитување на Законот за јавните набавки.
– Ова е дел од кампањата да се дискредитираат ДУИ и луѓето што тогаш извршуваа јавни функции. Има несоодветна интерпретација на ревизорскиот извештај. Некои активности што се споменуваат не се случуваа во 2005 година, кога јас бев министер. На пример, договорот со „Мајнел банк“ за консултантски услуги при приватизацијата на ЕСМ е стар пет години – вели тој.
Бесими тврди дека за сите активности има одлуки на Влада, кога тоа било неопходно. Врз таа основа, според него, се префрлени 23.350 долари за финансирање посети на владини делегации во Брисел и во Вашингтон.
Ревизорите не дадоа мислење за извршени трансфери од 82.000 евра кон Агенцијата за странски инвестиции, 328.000 евра кон Агенцијата за поддршка на претприемништвото и 3,8 милиони евра кон Македонската банка за поддршка и развој поради недоволен увид во документацијата. Бесими вели дека овие трансфери се предвидени во буџетот како посебни ставки, односно дека на овие институции не им се префрлани пари предвидени за Министерството за економија. Тој демантира дека имало незаконитости и субјективизам при делењето на концесиите за минерални суровини.
– Законот дозволува два начина за делење концесии, на конкурс и врз основа на барања. Бидејќи немавме доволно пари за да направиме истражување и да подготвиме информација врз основа на која ќе распишеме конкурс, ја користевме и втората можност. Барањата прво стигнуваа во Владата, а потоа во Министерството – објаснува Бесими.
Според него, вината за катастрофалната наплата на надоместокот за концесија не е во Министерството за економија. Бесими вели дека во 2005 година имало транзициски период бидејќи надлежностите за наплата биле префрлени од Министерството за финансии и од Управата за јавни приходи во ресорот за економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.