Свет
Избрани тројца од вкупно седум антикорупционери

Собранието по редовната едночасовна пауза вчера ја прекина работата по дневниот ред од 28. седница, а нејзиното продолжение дополнително ќе биде закажано.
Собранието по редовната едночасовна пауза вчера ја прекина работата по дневниот ред од 28. седница, а нејзиното продолжение дополнително ќе биде закажано. Веднаш по почетокот на работата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, од името на својата група и на пратеничката група на ДПА побара седницата да биде одложена заради одржување неопходни координации.
Потпретседателот на Собранието, Бесим Догани, го уважи нејзиното барање и ја прекина вчерашната седница на која требаше да продолжи расправата и гласањето за избор на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
За членови на Антикорупциската комисија во претпладневниот дел од седницата се именувани Иљмир Селами – дипломиран правник кој работи како раководител во оваа комисија, Ариф Муса – претседател на Комисијата за финансирање и буџет на Советот на Тетово и Цветко Мојсовски – раководител на сектор во Управата за јавни приходи.
По паузата, пратениците требаше да ја продолжат расправата и гласањето за другите предложени членови: Зоран Додевски – правник од Куманово, Мирјана Димовска – дипломиран правник и вработена во МРТ, Љубинка Муратовска-Маркова – поранешна судијка во Врховниот суд и Мане Колев – директор на фирмата „Ман-Кол“ од Скопје. Пред почетокот на расправата за членовите на Антикорупциската комисија, Собранието го именува Жарко Денковски за генерален секретар на законодавниот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија.
Словачкиот премиер Роберт Фицо се придружи на церемонијата на Црвениот плоштад како единствен присутен лидер на Европската Унија.
„Се обидувам да не коментирам за одлуките и однесувањето на државните лидери, но нема сомнение дека е срамно да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“, рече Туск на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Претходно денес, Франција и Полска потпишаа договор за зголемување на соработката по прашања од областа на одбраната и енергијата.
Договорот, кој опфаќа прашања од одбраната, енергијата, нуклеарната енергија и транспортот, ги обврза на меѓусебна помош во случај на воена закана.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.
Свет
Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Братот на папата Лав XIV, Џон Превост по изборот на неговиот помлад брат за 267-ми поглавар на Католичката црква во четвртокот вечерта изјави дека тоа е вистински шок за него.
„Беше шокантен момент. Разговарав по телефон со внука ми и не можевме да веруваме. Потоа мобилниот телефон, iPad-от и домашниот телефон полудеа“, го опиша Превост за медиумите за прв пат моментот кога неговиот 69-годишен брат Роберт беше избран за папа.
Лав XIV, тој е најмладиот од трите деца. Неговиот татко бил просветен инспектор, а неговата мајка библиотекарка во јужните предградија на Чикаго.
„Имавме нормално детство. Малку е чудно, но сите тројца знаевме што сакаме да правиме уште од мали нозе“, рече 71-годишниот поранешен директор на католичко училиште.
„Роб знаеше дека ќе биде свештеник од моментот кога можеше да оди“, се сеќава Џон. „Еден сосед еднаш му рекол дека еден ден ќе стане папа. Добро предвидување, нели?“
Братот на папата рече дека разговарале по телефон ноќта пред почетокот на конклавата и разговарале за тоа кое име ќе го избере доколку биде избран за папа.
„Му реков да не го избира Лео, бидејќи ќе биде 13-ти, но очигледно тој направил некои истражувања за тоа“, рече тој, според Index.hr.