Свет
Димовска не се откажува од ниедна функција
Илми Селами, член на Антикорупциска, вели дека изборот на Комисијата е политичка одлука на парламентарното мнозинство, а каква е таа треба да каже Трајко Велјановски
ЧЛЕНОВИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА ДАДОА СВЕЧЕНА ИЗЈАВА ВО СОБРАНИЕ
Илми Селами, член на Антикорупциска, вели дека изборот на Комисијата е политичка одлука на парламентарното мнозинство, а каква е таа треба да каже Трајко Велјановски
Членовите на Комисијата за спречување на корупцијата вчера негираа дека по партиски клуч се влезени во Комисијата, иако партиите во Собранието не кријат дека формирањето на новиот состав на Антикорупциска е направен со политички договор меѓу власта и опозицијата.
Членот на Комисијата Илми Селами вели дека не е ничиј партиски претставник во Комисијата, но признава дека изборот е политичко прашање. "Секоја одлука во Собранието се донесува со мнозинство гласови. Факт е дека парламентарното мнозинство е тоа што е во случајот и дека врз основа на политичка проценка треба да се донесе одлука за избор. Но, каква била таа прашајте го господинот Трајко Велјановски и другите во Комисијата за избори и именувања. Не можам да ви дадам одговор за ова", изјави вчера Селами, откако членовите на Комисијата дадоа свечена изјава пред спикерот Љубиша Георгиевски.
Селами одби да го коментира случајот на Мирјана Димовска, за која во јавноста се тврди дека има неспоивост на функции. "Не би сакал да го коментирам случајот на Мирјана Димовска. Таа ќе ви каже сама. Дајте им шанса на луѓето да работат, да покажат што знаат", рече тој.
Димовска, иако вети дека ќе се откаже од некоја од функциите, за да нема неспоивост на функции, вчера елегантно избегна да се соочи со новинарите. Димовска е главен уредник на јавен сервис, медијатор, претседател на невладина организација и плус антикорупционер.
Од Комисијата велат дека приоритет ќе им биде да создадат ефикасен систем за борба против корупцијата и анимирање на сите институции кои можат да помогнат во тоа.
"Работата ја сфаќаме штафетно. Ќе продолжиме со старите предмети и ќе отвориме нови врз основа на сознанијата од медиумите и граѓаните", рече Селами.
Тој најави дека анкетните листови за имотната состојба на функционерите ќе се објават на сајтот на Комисијата. Н.С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

