Свет
Директорот приватно се шетал на сметка на УЦВП
Неизготвена програма за работа, неоснован поврат на ДДВ, незаконско ангажирање стручни лица со договор на дело, ненаплатени надоместоци од прелетувања од авиокомпании, издавање под закуп на неподвижен имот без докази за склучени договори и висина на закупнина.
Неизготвена програма за работа, неоснован поврат на ДДВ, незаконско ангажирање стручни лица со договор на дело, ненаплатени надоместоци од прелетувања од авиокомпании, издавање под закуп на неподвижен имот без докази за склучени договори и висина на закупнина. Ова се дел од неправилностите во работењето на Управата за цивилна воздушна пловидба за 2005 година кои ги регистрира Државниот завод за ревизија, кога на чело беше Илир Мехмеди.
На поранешното раководство на Управата му се забележува дека патувало во странство без претходно да се издадат решенија и патни налози, а директорот Мехмеди заминал на пат во Сингапур, а потоа и во Мадрид заедно со својата сопруга, иако целта на овие две патувања не биле за потребите на УЦВП. За приватните патувања на директорот и неговата сопруга, УЦВП платила над 8.000 евра.
Државниот завод за ревизија констатирал дека Управата за цивилна воздушна пловидба нема програма за работа ниту, пак, доставила финансов план и годишна сметка за 2005 година на разгледување и одобрување пред Владата, што било спротивно на законските одредби. УЦВП како регистриран даночен обврзник плаќал ДДВ на остварениот приход од прелетувања и преглед на авиони, што не се предмет на оданочување, односно не е приход од промет во одредена стопанска дејност што ја обавуваат другите даночни обврзници.
Но, тоа не било пречка Управата, сепак, да изврши неоснован поврат на ДДВ во висина од над 3 милиони евра, наместо тие пари да останат на буџетска сметка. Според констатацијата на Државниот завод за ревизија, во 2005 година УЦВП издвоила околу 700 илјади евра за плаќање лица со договор на работа, иако Владата донела заклучок дека потребните воздухопловни и стручни кадри треба да бидат вработени. Но, хонорарците не добиле статус на редовно вработени, бидејќи Министерството за финансии не одобрило средства за плати во 2005 година.
Државниот завод за ревизија во истрагата за работењето на Управата за цивилна воздушна пловидба дошол до сознанија дека не биле наплатени приходи од прелетувања во висина од 1,3 милиони евра. Ревизијата не добила документи дали и какви мерки за принудно враќање на долгот од странските авиокомпании за прелетувањата над Македонија презема Еуроконтрол во име и за сметка на УЦВП. Според ДРЗ, УЦВП немала изградено систем за контрола на реалните и објективни побарувања на странските авиокомпании по основа на прелетувања, а кои ги извршува Еуроконтрол.
Истовремено, Управата не презела никакви мерки за намирување на долгот од домашниот авиопревозник МАТ за лендинг, АТС и за светлосна сигнализација. По оваа основа, долгот на МАТ кон УЦВП заклучно со крајот на 2005 година изнесува 1,4 милиони евра.
Меѓу должниците на УЦВП се и компанијата „Палер Македонија“, која не постои, потоа „Авиоимпекс“ и „Ер сервис“, но во деловните книги и финансиски извештаи побарувањата се многу помали во споредба со поднесените тужби. Разликата, на пример, на побарувањата од „Палер Македонија“ изнесува дури 1,5 милион некогашни марки или 750 илјади евра.
Како што стои во ревизорскиот извештај, од 2000 па се’ до денес, Управата издавала под закуп неподвижен имот (земјиште и бетонска подлога на локациите на одделни леталишта) и остварувала приход, но на ревизијата не и’ биле понудени докази колку договори се склучени и колкави приходи се остварени. На увид биле дадени само два договора за закуп во времетраење од 5 и 10 години (со „Бониер“ од Куманово и со „Замрзната храна“ од Неготино), при што годишно од нив биле остварени 9.000 евра закупнина, но средствата не се уплатени на буџетска сметка, туку ги искористила Управата за тековни трошоци.
Една од посебните забелешки на Државниот завод за ревизија на работењето на Управата за цивилна воздушна пловидба се и поднесените тужби против Управата во врска со наплата на побарувања за надомест на штета. Најголеми побарувања има МАТ која бара отштета од 40 милиони долари по основа материјална и нематеријална штета и загубена добивка, бидејќи државата не го испочитувала договорот од 2000 година, со кој „Македонски авиотранспорт“ е единствениот и ексклузивен редовен авиопревозник. МАТ поднел тужба, а во 2001 година, за да се избегне паричната штета, министерот за транспорт и врски потпишал анекс-договор со кој му дава на авиопревозникот право да извршува чартер-летови, под услов да ја повлече тужбата. Тужбата не е повлечена, а судот пресудил во корист на МАТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

