Свет
Најлон – кафулињата невидливи за Општина Карпош
Кафулињата "Џовани", "Лулу" и "Оксид"се наоѓаат само неколку метри од општинските бараки, но градоначалникот Андреј Петров не знае дека сопствениците на локалите цела зима ги распослаа масите и столовите и
УЗУРПАЦИЈА НА ЈАВНА ПОВРШИНА ВО ТЦ"ЛЕПТОКАРИЈА"
Кафулињата "Џовани", "Лулу" и "Оксид"се наоѓаат само неколку метри од општинските бараки, но градоначалникот Андреј Петров не знае дека сопствениците на локалите цела зима ги распослаа масите и столовите и
Кафулињата "Џовани", "Лулу" и "Оксид" во ТЦ"Лептокарија" и оваа зима пешачките патеки и просторот наменет за летни тераси го заградија со најлони. Градоначалникот на Општина Карпош Андреј Петров летоска вети дека ќе ги урива сите угостителски објекти кои ќе ја узурпираат јавната површина, или со најлони ќе ги заградуваат пешачките патеки. Но најлоните на кафулињата во "Лептокарија" никој не ги урива. Иако Трговскиот центар се наоѓа на само неколку метри од општинските бараки, градоначалникот Петров не знае дека сопствениците на локалите цела зима ги распослаа масите и столовите и надвор од кафулињата, во просторот заграден со најлони.
"Пред неколку дена наши инспектори беа на терен, и ниту едно кафуле не беше заградено со најлони. Ако е така, веднаш ќе излеземе на терен и ќе ги отстраниме тендите. Нема да дозволиме узурпација на јавната површина", вели градоначалникот на Општина Карпош Андреј Петров.
Градоначалникот Петров лани вети дека хаосот со кафулињата во "Лептокарија" ќе почнат да го средуваат кон крајот на септември кога заедно се УСАИД ќе почнат да поставуваат нови плочки на пешачките патеки низ целиот трговски центар, и ќе ги утврдат димензиите кои можат да ги заземаат терасите на кафулињата. Но оттогаш поминаа 6 месеци, а проектот не почна да се реализира. Од Карпош се правдаат дека овој проект го спроведуваат заедно со УСАИД, и кај нив тендерските постапки траат подолго.
"Пролетва ќе почнеме и со реализирање на проектот за БИТ зона. Ние и досега работевме, односно имавме постојани состаноци со дуќанџиите, на кои ги слушавме нивните сугестии. Дуќанџиите прво сакаа да се среди плочникот, а потоа да ги поставиме тендите. Така и ќе биде, годинава ќе поставиме нови плочки, а доколку успееме да обезбедиме пари ќе ги поставиме и тендите", вели градоначалникот Петров. (А.А.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саркози наскоро би можел да биде на слобода
Денес, Апелациониот суд во Париз ќе го разгледа барањето на поранешниот француски претседател на таа земја, Николас Саркиози, кој отслужува затворска казна во затворот Ла Санте во Париз, јавува телевизијата BFM.
Саркози ќе биде сослушан преку видео-обраќање, а постои можност да биде застапуван од неговите адвокати, кои најавија дека ќе тврдат на суд дека седумте критериуми за неговото затворање можат лесно да се исполнат ако биде ослободен под судски надзор.
Одлуката на Апелациониот суд би можела да се донесе денес, а доколку Саркози биде ослободен, тој би можел да го напушти затворот во рок од неколку часа, откако ќе бидат завршени административните формалности за неговото ослободување.
Поранешниот претседател може да биде ослободен без судски надзор, ослободен со судски надзор или ставен во домашен притвор со електронска нараквица, која ќе му биде инсталирана во наредните денови.
Доколку остане во притвор, неговите адвокати можат да поднесат ново барање за негово ослободување истиот ден. Саркози, кој веќе е осуден во случајот со прислушувањето, на 26 ноември ќе дознае дали Касациониот суд ќе ја потврди или ќе ја поништи неговата жалбена пресуда во аферата за нелегално финансирање на неговата неуспешна претседателска кампања во 2012 година.
Фото: принтскрин
Регион
Студентите во Србија не се откажуваат: објавија нови планови
По големиот комеморативен митинг одржан на 1 ноември во Нови Сад, студентите на блокада од сите универзитети во Србија подготвуваат нови протести во нивната борба за распишување предвремени парламентарни избори.
Сепак, како што открија во едно интервју, плановите за овој месец се променети поради нивната поддршка за Дијана Хрка, а годишнината од блокадата, 29 ноември, се споменува како можен датум за следниот голем собир, објавува Нова.рс.
„Дефинитивно имаме план за нови протести, интензивно работиме на тоа, но некои неочекувани настани малку нè нарушија. Сега сите сме фокусирани на Дијана Хрка и поддршката што сакаме да ѝ ја пружиме. Имавме план за ноември, за протестите што ги одложивме“, рекоа студентите на Универзитетот во Нови Сад.
Покрај борбата за предвремени парламентарни избори, студентите подготвуваат и политичка програма. „Студентскиот список е готов, а сега сме фокусирани на политичката програма што ја подготвуваме заедно“, додадоа тие.
Студентите од универзитетите во Белград и Нови Сад нагласуваат дека ќе објават заедничко соопштение, или поточно најава за нови акции, дури откако сите пленуми ќе се согласат за идните планови.
„Само кога сите ќе се согласат, ќе знаеме кога ќе има нови акции. Нема одмор и не правиме паузи, но понекогаш се случуваат непланирани активности, како оваа со Хрка, што е наш приоритет. Се заседава секојдневно, а наскоро ќе имаме заеднички план“, велат студентите.
Тие нагласуваат дека се разгледува датум за следниот голем собир, но засега ништо не е потврдено.
фото: принтскрин
Свет
Трка за африкански минерали: САД го преземаат водството од Кина
Африканските земји се најдоа во центарот на битката меѓу САД и Кина. Африканскиот континент е богат со клучни минерали и метали, како што се литиум, кобалт и волфрам, неопходни за модерната технологија, од електрични возила до системи за вештачка интелигенција и оружје. Трката за ресурси доби пресврт: САД тивко ја престигнаа Кина како најголем странски инвеститор во Африка, објавува Би-Би-Си.
САД го преземаат водството
Според најновите годишни податоци од Истражувачката иницијатива за Кина и Африка при Универзитетот Џонс Хопкинс, САД инвестирале 7,8 милијарди долари низ Африка во 2023 година, во споредба со 4 милијарди долари на Кина. Ова е прв пат од 2012 година САД повторно да го преземат водството. Оваа американска инвестиција ја води Американската корпорација за меѓународен развој (DFC), владина агенција основана во 2019 година за време на првиот мандат на претседателот Трамп. DFC отворено наведува дека нејзината мисија е да се спротивстави на Пекинг, а на својата веб-страница наведува дека е основана како алатка за „спротивставување на присуството на Кина во стратешките региони“.
Но, некои веруваат дека САД можеа да бидат во уште подобра позиција. Професорот Ли Бранстетер, меѓународен економист на Универзитетот Карнеги Мелон, тврди дека Вашингтон пропуштил можност. Според него, трговските тарифи што ги наметна администрацијата на Трамп врз африканските земји го намалија ентузијазмот за САД низ целиот континент, во време кога незадоволството од кинеските инвестиции растеше бидејќи се сметаше дека тие не обезбедуваат доволно придобивки за локалното население. „Доколку сегашната администрација неселективно не воведе тарифи на голем број африкански земји без очигледна причина, САД веројатно ќе беа во подобра позиција да го искористат незадоволството на Африканците од кинеските проекти“, вели професор Бранстетер.
Иднината носи нова конкуренција
Во иднина, САД и Кина би можеле да се соочат со уште посилна конкуренција во Африка, заклучува Сепо Хаимамбо. Таа укажува на растечкиот интерес за континентот од земји како Бразил, Индија и Јапонија, што најавува нова динамика во глобалната трка за африкански ресурси.
Фото: принтскрин

