Контакт

Свет

Десетка со кромид во пасош

Објавено пред

Со специјалните истражни мерки, полицајците – провокатори документирале како сега уапсените полицајци и цариници на граничните премини ги дерат патниците и возачите, најдрско и без пардон, со наредби: "Стај 10-ка со кромид во пасош и вози", "Ај укруп

dobivaj vesti na viber

АФЕРА КОРУМПИРАНИ ПОЛИЦАЈЦИ И ЦАРИНИЦИ

Со специјалните истражни мерки, полицајците – провокатори документирале како сега уапсените полицајци и цариници на граничните премини ги дерат патниците и возачите, најдрско и без пардон, со наредби: "Стај 10-ка со кромид во пасош и вози", "Ај укруп

Полицаец – провокатор со минијатурна камера пикната во манжетна, минатата недела на еден од граничните премини, при влез во Македонија, љубезно го прашал цариникот:"Шефе, ми се брза. Ке може ли да средиме некако?" Овој му климнал со главата. "Оди до бифено. Таму ќе средиш со келнерот", му рекол цариникот на патникот. По некое време од бифето излегол келнерот и мафтал со раката:"Може да помине".

И така следниот, па тој по него, невидена жетва цела недела, раскажуваат во МВР, по големата акција во четвртокот, кога за примање мито беа уапсени 26 полицајци, девет цариници и тројца угостители. Неколку стотици полицајци, колку што учествувале во акцијата, со мини-камери и бубачки првин ги детектирале корумпираните полицајци и цариници на граничните премини Меџитлија, Богородица, Деве Баир и Табановце. Потоа, провокаторите лесно ги подмитувале со маркирани девизи.

Во акцијата се фаќал и лесен плен. На пример, раскажуваат во Министерството, некои наши полицајци и цариници, мито земале на местото, во четири очи и без посредник. "Стави една десетка со кромид во пасошот и ај, помини!", фатил микрофонот на еден од провокаторите. Парите за поткуп, тврдат соговорниците, до евро биле сите маркирани и подоцна при претресот кај уапсените лично, во кафеаните кај што се оставало митото и во нивните домови, биле најдени како непобитен доказ. Откриените околу 40 илјади евра од земен поткуп, биле главно во апоени од пет до десет евра.

Седнати во автобус полицајци – провокатори, божем патници, документирале и случаи на барање мито во поголеми суми. Безбедносните и царинските служби го оставиле автобусот полн со патници да дреме три часа за влез во Македонија. Пасошите биле дадени на контрола. Со часови немало информација што е проблемот и зошто патниците стојат во место на студот. На крајот, дошол возачот и се осмелил:"Да не го тресат автобусот и сите вас поединечно, да собереме сите по евро-две и да се изгубиме одовде, се согласувате?" Сите патници извадиле по едно евро. Автобусот тргнал за 50 евра.

Во МВР велат дека за не се претресува камион во детаљи и тој да не се задржува многу на граница, тарифата била и до неколку стотки евра. Пристапот на цариникот, или колегата полицаец, бил фраерски:"Имаш да ми ги укрупниш овие 50 евра?" За возачот на камион, односно на автобус со шверцери тоа било јасно дека за да пројде веднаш, треба да стави врз педесетката уште неколку такви.

Полицијата во сите случаи на земање мито била во спрега со цариниците од истата смена, и обратно. Често, тие биле солидарни, особено во случаите кај што ќе забележале подебел паричник. "Ај сега оди до кај колегата да ти провери уште нешто", била наредбата до патникот по земените 10 евра мито, за да се опари и другиот на смена.

"Ова е работа што се случувала и претходно, но сега е со толкав замав, што работното време на голем дел од полицијата и цариниците се свела само на гола печалба и понижување на граѓаните, без да ги боли уво за безбедноста на државата", сметаат во Министерството. Годишно границите во двата правца ги поминуваат по 10 милиони патници и пола милион возила. Помножено по 10 евра во просек мито од човек, или од возило, ќарот за корумпираните службени лица е милионски суми, проценува полицијата.

С.К. Делевска

*** Исплашен цариник пријавил поткуп

Завчера околу два часот по полноќ цариник на граничниот премин Табановце се извадил од памет кога открил во пасош на патник од Србија вметнати 10 евра за поткуп, за да не чека многу на граница. Веднаш штом ги видел парите, цариникот со трчање пријавил во полиција: "Човеков сака да ме поткупи".

Во МВР велат дека странецот Мијад В., вчера бил експресно изнесен пред Основниот суд во Куманово и осуден на условна казна затвор од шест месеци, Освен тоа добил и казна протерување од Македонија во рок од една година.

Осудениот само бил подготвен за влез во Македонија, оти и врапчињата веќе знаат дека само со мито брзо се проаѓа низ нашите граници, смета полицијата. (С.К.Д.)

*** Уапсените се бранат со молчење

До пет часот вчераутро траело сослушувањето на 41 уапсен полицаец и цариник во истражното одделение на Основниот суд Скопје 1. Сослушувањето го вршеле тројца истражни судии и уште толку обвинители. Речиси сите уапсени се бранеле со молчење. Од 41 уапсен, на 35-мина им била изречена мерка притвор.

Полицијата трага уште по седум вработени во безбедносните и царинските служби на граничните премини во Македонија



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“

Објавено пред

Од

Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.

dobivaj vesti na viber

„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.

Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.

„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“

Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“

Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.

Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.

„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.

ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје

Објавено пред

Од

Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.

„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.

Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.

„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Погоден американскиот конзулат во Дубаи

Објавено пред

Од

Пожар избувна во американскиот конзулат во Дубаи откако беше погоден од дрон, за кој се сомнева дека е ирански, доцна вечерва, според регионалниот извор на CNN.

dobivaj vesti na viber

Пожарникарите изгаснаа мал пожар што избувна по нападот со беспилотно летало, а нема повредени.

Двајца сведоци потврдија за „Ројтерс“ дека може да се види чад како се издига од област во близина на конзулатот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија2 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија8 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија9 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија9 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија9 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија10 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија10 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија10 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија12 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија12 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет14 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет15 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет15 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет16 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет16 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет16 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет16 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...