Свет
Судијката не требало да го ослободи Красниќи

Скопското обвинителство поднесе жалба на пресудата со која Агим Красниќи беше ослободен од обвинението дека подготвувал терористички акции.
ОБВИНИТЕЛСТВО
Скопското обвинителство поднесе жалба на пресудата со која Агим Красниќи беше ослободен од обвинението дека подготвувал терористички акции.
Обвинителството смета дека судијката Снежана Бајлозова ги повредила Законот за кривичната постапка и Кривичниот законик и погрешно ја утврдила фактичката состојба кога пресудила дека Красниќи и неговата вооружена група од скопско Кондово не можат да предизвикаат „масовно уништување жива сила“.
Во жалбата до Апелациски суд е посочено дека на видеоснимките на претходно осудените албански државјани Бујар и Рајмонда Малечка се гледало дека групата е вооружена со автоматско оружје, рачен топ, снајпер и слично, сепак судијката Бајлозова утврдила дека нема опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги потврди плановите за средба со рускиот претседател Владимир Путин на форумот во Волгоград, Русија, по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на крајот на април.
„Ова е многу, многу посебна година за регионот Витебск, за нашата Белорусија. И ние всушност ги правиме првите чекори за да ја прославиме оваа голема победа денес“, рече белорускиот претседател за време на посетата на црквата во Толочин, регионот Витебск, пренесе ТАСС, цитирајќи го известувањето на белоруската агенција Белта.
Лукашенко ја нарече 2025 година посебна година за Белорусија, поради прославата на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.
„Во наредните денови ќе ги продолжиме овие прослави во близина на Сталинград, на Волгоградската земја. Се договоривме со претседателот на Русија, ќе се сретнеме таму, ќе разговараме со младите, ќе им оддадеме почит на оние херои кои се бореа на Волга. Потоа – парада во Москва, во Белорусија. И до Денот на независноста на Белорусија (3 јули) ќе им одаваме почит на оние кои го дадоа животот“, рече Лукашенко.
Регионот Витебск беше меѓу најтешко погодените за време на Втората светска војна.
„Дури и сега, додека работиме на докази за злосторствата на фашистите во нашата Белорусија, работиме на идентификување на фактите за геноцидот на белорускиот народ. И знаете, наоѓаме многу гробни места во регионот на Витебск“, рече Лукашенко.
Свет
Зеленски: Русија изврши 46 воздушни удари и 900 гранатирања за еден ден

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека Русија извршила сериозни напади врз украинска територија, прекршувајќи го велигденскиот прекин на огнот. Според податоците на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, руските сили до 16 часот по локално време извршиле 46 воздушни напади и 900 артилериски гранатирања.
„Денеска руските сили употребија 400 дронови за напади врз различни делови од Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Според него, дел од нападите биле насочени и кон регионот Доњецк, токму за време на прекинот на огнот по повод православниот Велигден. Напади биле регистрирани и во областа Курск во Русија.
Украинскиот претседател остро ја осуди агресијата, оценувајќи дека Москва повторно демонстрира целосно непочитување кон верските празници и обидите за деескалација на конфликтот.
Регион
Додик: Британски специјалци се дојдени во Република Српска да ме убијат

Милорад Додик, претседателот на Република Српска и осуден бегалец кој е наведен како бегалец во Федерацијата на Босна и Херцеговина, во интервју за Новости упати сериозни обвинувања.
Тој тврди дека „тројца претседатели на европски земји и еден премиер“ му кажале дека во Босна и Херцеговина е префрлена британска воена единица со многу специфична задача – негова ликвидација.
„Тоа не е класична единица. Станува збор за четириесет војници кои пристигнаа со јасна наредба – не да ме уапсат, туку да ме убијат. И тоа под изговор дека давам отпор. Мафијашки принцип – ако отстраните човек, го отстранивте проблемот. Лидерите од Европа ми го потврдија тоа. Тие не се откажаа, но засега молчат“, вели Додик.
Тој во интервјуто нагласува дека не живее во страв и дека слободно се движи, отфрлајќи ги тврдењата дека е изолиран.
„Никогаш нема да бидам скршен од политичките процеси. Нема да се откажам од борбата за Република Српска“, вели тој.
Додик открива и дека официјални лица од Брисел наводно го советувале да се засолни.