Свет
Странски служби пристигнале во земјава да бараат отчет
Висок претставник на западна разузнавачка служба
по аферата со оружјето на АРМ пристигнал во Македонија за да провери дали
станува збор за меѓународен шверц на оружје и евентуална вмешаност на воени
лица од НАТО-алијансата, тврдат за „Време“ извори од Министерството за одбрана.
ПО АФЕРАТА
СО АРМИСКОТО ОРУЖЈЕТО
Висок претставник на западна разузнавачка служба
по аферата со оружјето на АРМ пристигнал во Македонија за да провери дали
станува збор за меѓународен шверц на оружје и евентуална вмешаност на воени
лица од НАТО-алијансата, тврдат за „Време“ извори од Министерството за одбрана.
Според нив, тој во земјава пристигнал на 22 јануари 2007 година, еден месец по
заплената на МВР на трите бугарски камиони полни со оружје на АРМ, и се сретнал
со челните лица на македонските разузнавачки служби за да види до каде е
истрагата.
Според службени белешки на военото разузнавање, на 14 декември 2006 година во
утринските часови во земјава пристигнале седум бугарски камиони заедно со
Бугарите, кои требало да го земат оружјето. Лице задолжено за подигање и
транспорт на оружјето бил Георги Ишмириев, кој влегол со број на пасош
350125974. Пристигнал со црн „мерцедес“ 124, со регистарски таблички С 5577 РС.
Истото лице во април 2005 во Македонија влегол со друг број на пасош,
317765540. Македонските разузнавачки служби располагаат со информации дека ова
лице е бивш старешина во бугарската воена разузнавачка служба. Ишмириев во
земјава првпат пристигнал во април 2005 година заедно со Красимир Димитров,
Виолета Бабунски и Кољо Запроф, претставувајќи се дека се претставници на
фирмата „ЕМКО“. Овие лица биле пречекани од Илија Шкодровски, а во мај истата
година заедно со него извршиле преглед на оружјето во касарните „Гоце Делчев“, поточно
во објектот наречен „Метеор“, како и во касарните „Илинден“ и „Ѓорче Петров“.
Ги гледале транспортерите М-13 и пушкомитралезите. Сите овие се присутни во
Македонија и на 14 декември кога беше откриена нелегалната трговија со
армиското оружје.
Според нашите извори, неколку армиски старешини што биле вклучени во истрагата
за оружјето се пред заминување од АРМ. Милован Таневски од Г2 на ГШ на АРМ
(служба за воено разузнавање) по истрагата за аферата бил прекомандуван во
воена единица во Куманово и ставен на листа за пензионирање. На листа за
пензионирање бил ставен и Панче Наќев, исто така од службата Г2 на ГШ на АРМ.
Емруш Асани од Сектор за контраразузнавање бил префрлен во логистички баталјон
во Петровец.
Нашите извори тврдат дека станува збор за организиран меѓународен канал на
нелегална трговија на оружје во кој биле вклучени и воени лица од
западноевропски држави.
Во два случаи армиското оружје во бугарски камиони се товарело истовремено
додека највисокиот армиски и државен врв бил присутен во касарните. Во првиот
случај, на 1 август 2006 во касарната „Гоце Делчев“ биле натоварени 9
минофрлачи додека тогашниот министер Јован Манасиевски го отвораше Воениот
музеј во присуство на армиски старешини и високи претставници од НАТО
Алијансата. Во вториот случај на 14 декември, исто во касарната „Гоце Делчев“,
кога министерот Лазе Еленовски во објектот „55“ свечено го отвораше центарот за
ресоцијализација на предвремено пензионирани воени старешини.
„Време“ минатата недела обелодени службени белешки изработени од воените
разузнавачи, кои уредно биле доставувани во МО и во ГШ на АРМ и од кои се гледа
дека овие институции имале сознанија за нелегалната трговија со армиско оружје
од Бугарија во Македонија уште од март 2006 година, девет месеци пред МВР да ги
заплени трите бугарски камиони. Во тие белешки се наведени сознанија за
нелегална трговија со оружје со сознанија за вмешаност на високи армиски
старешини, како и точни датуми на кои требало да се транспортира оружјето.
„Време“ побара одговор од МО за овие информации, но Министерството се уште
молчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

