Свет
Македонски М48 се продава во САД за 1.000 долари
Околу 20.000 пушки – репетирки од моделот М48, неупотребувани, но стари и до 50
години, се продаваат во САД како извонредно и екстравагантно оружје.
БИЗНИС СО ОРУЖЈЕ
Александар Божиновски
Околу 20.000 пушки – репетирки од моделот М48, неупотребувани, но стари и до 50
години, се продаваат во САД како извонредно и екстравагантно оружје.
Според доброупатени извори на „Време“ пушките биле продадени во периодот
2001/2002 година за 40 американски долари од парче. Зделката се одвивала преку
позната скопска фирма за трговија со оружје. Купувач била американската
компанија „Мичел Армс“.
Количеството било дел од резервите на АРМ, кои имале
над 120.000 вакви пушки.
Од Министерството за одбрана до вчера немаше одговор за оваа зделка, но го најавија
за наредните денови.
Компанијата „Мичел Армс“ ги продава пушките преку својата веб-страница. Во
зависност од моделот, цената се движи од 50 па се до 1.000 долари. Така,
моделот М48-15, оригиналната пушка, се продава за 499 долари. М48-25 чини 299
долари, додека М48-00 со комплетна опрема, односно, бајонет, футрола за
бајонет, ремен и т.н. чини 1.000 долари. Користени М48 се продаваат за 50
долари.
Овие пушки биле произведувани во фабриката „Застава“ од Крагуевац.
На веб-страницата на „Мичел Армс“, М48 се рекламира како:
„Нов Маузер стар 50 години. Оригинален Маузер 98К од германско потекло со алат
што бил монтиран на територијата на окупирана Србија (се мисли на Втората
светска војна)“.
Фабриката во Србија била изградена од нацистите, кои со сила го терале
локалното население да ги произведува. По завршувањето на Втората светска војна
тогашна Југославија продолжила со производство на овие пушки под ознаката М48.
„Мичел армс“ ги рекламира како најдобра пушка со единечна стрелба.
Овие пушки, кај нас биле ремонтирани во фабриката „Сувенир“. Во минатото, велат
нашите извори, од М48 во „Сувенир“ се правеле ловечки карабини, кои потоа за
багателни суми им биле продавани на функционери во полицијата и Армијата. Не е
познато колку од овие пушки завршиле во приватни раце.
За самата зделка, засега нема точни информации дали е реализирана по распишан
тендер и како е дојдено до цената од само 40 долари од парче. Засега е познато
дека компанијата „Мичел Армс“ го продава по дваесет пати повисока цена како
екстравагантно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

