Свет
За газдите на „Фи-ком“ по 10 години затвор
Весна Николиќ плачеше и се тресеше кога
слушна дека е осудена на 10 години затвор, а нејзиниот сопруг Никола Николиќ
мирно ја прифати пресудата
АФЕРАТА СО ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ДОБИ
СУДСКА РАЗВРСКА
Весна Николиќ плачеше и се тресеше кога
слушна дека е осудена на 10 години затвор, а нејзиниот сопруг Никола Николиќ
мирно ја прифати пресудата
Со солзи в очи и со грч во телото вчера Весна Николиќ (38) ја дочека
пресудата со која таа и нејзиниот сопруг Никола Николиќ (35) беа осудени на по
10 години затвор за мегааферата „Фи-ком“. Никола Николиќ мирно ја ислуша
пресудата и не коментираше, а за тоа време на неговата сопруга и’ се тресеа
нозете кога слушна дека е осудена на максимална казна за измама.
Таа претходно побара, ако биде прогласена за виновна, да биде пуштена од
притвор. Поради висината на затворската казна таа и нејзиниот сопруг ќе останат
во истражниот затвор се’ додека пресудата не стане правосилна. Според
вчерашната судска одлука, агентите за продажба Музафера Каевиќ (39) и Снежана
Зорбовска (43) добија по три години затвор за помагање.
Само тројца измамени граѓани вчера чекаа пред судницата во Основниот суд Скопје
2 за да ја чујат пресудата. Тие беа задоволни што сопружниците беа осудени на
затворски казни, но останаа разочарани што никој не им кажа дали ќе им бидат
вратени парите или, пак, ќе ги добијат становите. Судијката изјави дека
Судскиот совет дополнително ќе се произнесе за висината на отштетното
побарување на десетици измамени граѓани и отштетата ќе биде наведена во
образложението на пресудата.
Адвокатите на обвинетите не беа задоволни од судската одлука.
– Однапред се знаеше каква ќе биде одлуката. Пресудата не беше донесена во име
на граѓаните, туку за граѓаните. Ќе се жалиме на ваквата одлука и се надеваме
дека Апелацискиот суд ќе ја укине пресудата – изјави адвокатот Мирослав Вуиќ.
Пред да биде изречена пресудата, вчера адвокатите и Обвинителството дадоа
завршни зборови. Обвинителот изврши прецизирање на обвинението и го намали
бројот на измамените граѓани. Според него, во текот на судската постапка било
утврдено дека дел од купувачите се единствени сопственици на становите и не
биле жртви на повеќекратната продажба. Обвинителот побара четворицата обвинети
да бидат прогласени за виновни и да бидат осудени. Адвокатот Арбен Голја,
бранител на Николиќ, побара ослободителна пресуда за газдата на „Фи-ком“.
– Со ништо не се утврди вината на мојот клиент, а во текот на судењето не се
утврди ниту мотивот за наводната измама – рече Голја.
Тој изјави дека во текот на постапката дури и обвинителот во една пригода
неформално изјавил: „Во овој хаос ниту Господ не може да се снајде.“ Голја со
ова сакаше да докаже дека не станува збор за измама, туку за погрешна
нумерација на становите и лоша организација во градежната фирма.
Ослободителна пресуда побара и бранителот на Весна Николиќ, адвокат Ристо
Петров. Тој кажа дека од случувањата во „Фи-ком“ како жртви излегле и мајката и
братот на обвинетата.
– Кој би ги измамил сопствената мајка и брат. Поради случувањата во градежната
фирма, никој не ја посетува Весна Николиќ во притвор. Дека тоа е така покажува
и фактот што ниту една дозвола за посета во истражниот затвор не е издадена на
име на нејзината мајка и брат – рече адвокатот Петров.
На ова Никола Николиќ иронично прокоментира: „Немој Ристо, ќе не’ расплачеш
сите во судницата“.
За лошата здравствена состојба на Весна Николиќ потврди и нејзиниот адвокат,
кој во текот на судењето изјави дека таа неколкупати посегнала по својот живот,
поради што била врзувана за креветот во затворската ќелија. Во текот на
судењето сопружниците си ја префрлаа вината еден на друг, а агентите тврдеа
дека ги следеле наредбите на претпоставените.
Каде се парите?
По завршување на првостепената судска постапка за случајот „Фи-ком“, се
отвори прашањето кој ќе им ги исплати парите на граѓаните што биле измамени од
продажбата на становите.
Проблем е што никој не знае каде завршиле парите. Се шпекулираше дека биле
префрлени во странска банка, но тоа не беше докажано. И обвинителот вчера им се
обрати на обвинетите и им порача да кажат каде се парите и да си олеснат.
Никола и Весна Николиќ во завршни зборови кратко изјавија дека се согласни да
им се исплатат парите на оние граѓани за кои ќе биде докажано дека се измамени.
Адвокатите укажаа дека ако обвинетите одат во затвор тогаш се мали шансите
некој да ги обесштети граѓаните. Тие вчера рекоа дека на судењето требало да
биде извршено финансиско и градежно вештачење за да се утврди висината на
штетата.
Александар Манасиев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

