Свет
Нотарот Стоименовиќ сведок на судењето на правобранителот
На продолжението на судскиот процес што се води против поранешниот
заменик-јавен правобранител, Миодраг Стевановиќ, и архиварката Љубица
Минчорова, во својство на сведок се појави Никола Стоименовиќ, неодамна
осудениот нотар за случајите „Бачило“ и „Денационализација на државно земјиште.
На продолжението на судскиот процес што се води против поранешниот
заменик-јавен правобранител, Миодраг Стевановиќ, и архиварката Љубица
Минчорова, во својство на сведок се појави Никола Стоименовиќ, неодамна
осудениот нотар за случајите „Бачило“ и „Денационализација на државно земјиште.
Миодраг Стевановиќ и Љубица Минчорова се товарат дека влијаеле три решенија да
станат правосилни и со тоа државата да ја оштетат за милионски износи.
Стоименовиќ, кој во судот беше спроведен од затворот „Идризово“,тврдеше дека
Минчорова никогаш не ја видел, а дека со Стевановиќ се видел неколку пати, ама
никогаш не разговарале за решенијата за денационализација.
Сведокот Стоименовиќ потврди дека на средбата бил присутен и правникот од
„Скопски пазар“, Предраг Милосавлевиќ, и дека тој со себе носел копии од
документите, но самата средба ја оцени како неуспешна, бидејќи не успеал да го
наговори тогашниот заменик-јавен правобранител Стевановиќ.
Неговото сцедочење одбраната и Обвинителството го оценија како обид да ја
избегне одговорноста. Од Јавното правобранителство беше соопштено дека државата
бара надомест на штета во висина од 30 милиони денари. (Љ.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

