Свет
Кривична пријава за бившиот директор на фабриката „Димче Бањарот“
Прилепската фабрика за производство на парни котли „Димче Бањарот“ ќе се
затвори и ќе се ликвидира со исплаќање средства во вредност на имотот на
должникот, но откако ќе биде познат исходот на тужбата поднесена против
доверителот „Манд интернационал“, кој располага со целиот имот , стекнат врз
основа на хипотекарен договор.
Прилепската фабрика за производство на парни котли „Димче Бањарот“ ќе се
затвори и ќе се ликвидира со исплаќање средства во вредност на имотот на
должникот, но откако ќе биде познат исходот на тужбата поднесена против
доверителот „Манд интернационал“, кој располага со целиот имот , стекнат врз
основа на хипотекарен договор. Ова е одлуката на доверителите на вчерашното
Собрание. Иднината на фирмата засега, сепак, е неизвесна, бидејки Управата за
јавни приходи поднесе кривична пријава против екс директорот Зоран Апостолоски,
обвинувајќи го за затајување ДДВ и данок на добивка во вредност од околу
640.000 евра и потпишување хипотекарен договор со скопската фирма „Манд
интернационал“, која располагала со 66 отсто од имотот. Тужба против учесниците
во договорот поднесе и стечајниот управник Тодор Пренџов. „Хипотекарниот
договор е потпишан во време кога ’Димче Бањарот’ не била ликвидна, ниту била
способна да плаќа, а од друга страна ’Манд интернационал’ била сопственик на 66
отсто акции од капиталот на фирмата, затоа овој договор е штетен за
компанијата“, информира стечајниот управник Тодор Пренџов. Сите 64 поголеми и
помали доверители побараа на Собранието да се поднесе кривична пријава против
сите инволвирани во склучувањето на штетниот договор. Моментално, слободниот
имот, стечајната маса на ’Бањарот’ е проценет на минимални 10 милиони денари,
тоа се основни средства и ситен инвентар, а имотот под хипотека е проценет на
90 милиони денари. Од друга страна, побарувањата на сите доверители изнесуваат
околу 220 милиони денари, од нив 195 вработени за неисплатените плати
побаруваат околу 8 милиони денари. Против ексдиректорот Апостолоски вчера УЈП и
прилепската полиција поднесоа кривични пријави до Обвинителството поради
основано сомнение дека сторил кривично дело даночно затајување и злоупотреба на
службено овластување. Обвинителството му предложи на истражниот судија да
изрече мерка притвор во траење до 30 дена. (М.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

