Свет
Со организираниот криминал ќе шефува министерот за правда
Во моментов има ривалство кој ќе има превласт – Јавното обвинителство на
Република Македонија, или Одделението за борба против организираниот криминал,
каде што неофицијално, главна улога треба да има министерот за правда.
ВНАТРЕПАРТИСКА БОРБА ЗА ПРЕВЛАСТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Во моментов има ривалство кој ќе има превласт – Јавното обвинителство на
Република Македонија, или Одделението за борба против организираниот криминал,
каде што неофицијално, главна улога треба да има министерот за правда. Ова е
впечатокот на професорот Гордан Калајџиев од Правниот факултет од сите
досегашни јавни дебати, полемики и препукувања на трибини во врска со
Предлог-законот за Јавното обвинителство, што го изнесе на вчерашната трибина
во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
"Првите луѓе на двете обвинителства ги донесе иста политичка партија. Да
не е можеби ова внатрепартиска борба за превласт?", праша Калајџиев. Тој
смета дека место да се организира работата на Одделението за организиран
криминал, на сите трибини за законот како најглавно се истакнува кој врз кого
ќе има влијание.
Државниот обвинител Љупчо Шврговски остро реагираше дека Предлог-законот
инсталира паралелно обвинителство, преку кое ќе се диригира од некој центар на
моќ, за тоа дека освен со шефот на тоа обвинителство, тој како најодговорен
обвинител нема да има комуникација и надлежност врз останатите обвинители од
Одделот за организиран криминал.
Претседателот на Врховниот суд Дане Илиев, пак, укажа дека во предложениот
текст лебди одговорноста на обвинителите од Одделот за организиран криминал.
"Основните јавни обвинители одговараат пред основните судови, вишите пред
апелационите. Пред кого одговараат овие?", праша Илиев. Тој предупреди и
дека не е решена надлежноста меѓу полицијата и обвинителството, кога е во прашање
кривичниот прогон. (С.К.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

