Свет
Маките на „Лукоил“ со бирократијата
Осум месеци не и’ беа доволно на македонската
администрација да ја обезбеди неопходната документација за да се градат
бензинските пумпи на „Лукоил“ во Штип. Вака долго и непродуктивно
администрирање, кога е во прашање изградба на вакви објекти, не се памети со
децении.
ИВАН БОЈАЏИСКИ
Штип
– Осум месеци не и’ беа доволно на македонската
администрација да ја обезбеди неопходната документација за да се градат
бензинските пумпи на „Лукоил“ во Штип. Вака долго и непродуктивно
администрирање, кога е во прашање изградба на вакви објекти, не се памети со
децении.
Расчистувањето на локацијата за изградбата на првата бензиска станица на
познатата руска компанија започна уште во ноември минатата година. На клучката
кај железничката станица градежни машини започнаа да го расчистуваат теренот,
но само по нецел месец, по наредба од Скопје, работите застанаа. Од тој момент
започнаа да се бараат нови документи кои патуваа на релација Штип – Скопје, а
од продолжување на работите на изградбата се’ уште нема ништо.
На последната седница на Советот на Општина Штип поминаа нацрт-измените на
генералниот урбанистички план, што беше барање на Министерството за транспорт и
врски. „Сега престои период на стручна расправа во рамките на Одделението за
урбанизам и заштита на животната средина по што ставот ќе биде испратен до
ресорното министерство во Скопје кое треба да ја донесен конечната одлука“, ни
изјави Душко Стојанов, раководител на ова одделение.
Руската компанија наиде на големи маки во обидот да изгради во Македонија
четириесетина бензински пумпи. Во нашава држава „Лукоил“ влезе преку Штип,
купувајќи ги резервоарите за нафта на штипската компанија „Нико петрол“. Во
изминатите три години „Лукоил“ наместо 40, изгради само две бензински пумпи.
Раководството на компанијата изјавуваше дека има чувство оти Македонија не ги
сака нејзините инвестиции.
И додека во нашава држава работи административната кочница, за овие три години
Русите во Србија изградија 49, а во Бугарија изградија и ребрендираа над сто
бензински пумпи. Компанијата планираше во Штип да изгради три бензински пумпи и
да вработи 39 лица.
При неодамнешната посета на Велес, амбасадорот на Руската Федерација Владимир
Димитриевич Солоцински рече дека планираните инвестиции од 50 милиони долари за
Македонија „Лукоил“ може да ги повлече и да ги пренасочи во Албанија ако
наскоро не и’ се отвори простор за работа во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

