Свет
За замислата чистка петка, за реализацијата единица
Скопската фирма „Алгоритам центар“ ќе обучува околу 17.000 од вкупно
22.229 граѓани што се пријавиле на повикот за бесплатна обука за користење
компјутери што го распиша Владата во рамките на кампањата „Македонија – земја
на информатичари“.
ИНФОРМАТИЧАРИ СЕ ЖАЛАТ НА ВЛАДИНИОТ
ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА КОМПЈУТЕРИ
Скопската фирма „Алгоритам центар“ ќе обучува околу 17.000 од вкупно
22.229 граѓани што се пријавиле на повикот за бесплатна обука за користење
компјутери што го распиша Владата во рамките на кампањата „Македонија – земја
на информатичари“. Други пет фирми ќе ги обучуваат преостанатите пет илјади
граѓани. Информатичари и конкуренти на оваа фирма се сомневаат во регуларноста
на тендерската постапка.
Горан Манев, професор по информатика, кој со својата фирма конкурирал на
владиниот повик, вели дека „Алгоритам центар“ ќе заработи илјадници евра со
оваа обука, иако е фирма што поседува само една училница и нема доволно
вработени за да ја извршат обуката.
– Од фирмата се јавуваа по основни и средни училишта и бараа опремен простор и
кадар што би ја вршел обуката. Владата на една фирма и даде да врши обука на
повеќе од 17.000 лица во 26 општини во земјава што е 77 отсто од вкупниот број
пријавени кандидати – вели Манев.
Тој се сомнева дека „Алгоритам центар“ ги исполнува условите од јавниот повик.
Сепак, во образложението од владината Комисија за жалби по јавни набавки, која
го разгледувала овој случај се вели дека се неосновани жалбите по прашањето
дали „Алгоритам центар“ доставил доказ за ангажирани лица бидејќи таков доказ
воопшто не се барал во јавниот повик.
Во јавниот повик што го распиша Генералниот секретаријат на Владата пишува дека
фирмите-кандидати меѓу другата документација треба да достават список на
расположлив персонал и други експерти што работат за понудувачот и кои ќе бидат
одговорни за реализација на договорот. Потоа кусо претставување на правното или
физичкото лице во однос на бројот и структурата на вработените –
возраст/образование, професионална опрема за реализирање на обуката, искуство
во областа на спроведување на ваков тип обуки.
Марина Божинова, директорка на „Алгоритам центар“, вели дека нејзината фирма
понудила пониски цени за обука на граѓаните од повеќето други фирми што
учествувале во тендерската постапка. Таа вели дека не може да открие колкава е
цената со која „Алгоритам центар“ ги победи другите фирми-учеснички на
тендерот.
– За цената за обуката од можни 50 бода, ставка што беше решавачка при
одлучувањето за најповолните понудувачи нашата фирма доби 48 бода. По жалбите
на другите фирми, второстепените комисии за јавни набавки повторно потврдија
дека нашата понуда е најповолна. Ние обезбедивме 150 професори по информатика
што ќе заработат хонорари за обуката на граѓаните во повеќе општини во земјава,
а простор за обука ќе изнајмиме и во некои училишта за што некои од нив ќе
заработат и до 60.000 денари. Така што не гледам простор за сомнеж во однос на
реализацијата на оваа идеја за бесплатна обука на граѓаните до толку повеќе што
кога ги информиравме граѓаните за скорашниот почеток на обуката тие реагираа со
воодушевување – вели Божинова.
Таа додава дека обуката почнува на 15 јуни и дека ќе се одржува од 8 наутро до
22 часот навечер. Пријавените кандидати ќе се обучуваат на два часа, двапати во
текот на една недела, во период од еден месец.
Ивица Боцевски, портпарол на Владата, не сакаше да дава никаков коментар за
овој случај, со образложение дека се уште не завршила жалбената постапка по
јавниот повик, што е во спротивност со тврдењето на одговорните во „Алгоритам
центар“ и на конкурентните фирми.
В.Н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

