Свет
„Марлборо“ може да се најде само под тезга
Цигарите „марлборо“ една недела наназад речиси не
можат да се најдат на продажните места во земјава, а и таму каде што ги има,
количествата се мали и ограничени само на некои видови цигари од оваа марка.
Цигарите „марлборо“ една недела наназад речиси не
можат да се најдат на продажните места во земјава, а и таму каде што ги има,
количествата се мали и ограничени само на некои видови цигари од оваа марка.
Одговорите за увоз и дистрибуција на „марлборо“, претставништвото на „Филип
Морис“ во земјава, смета дека проблемот со недостиг на нивните цигари наскоро
ќе се реши, но дека причините за застојот во увозот и снабдувањето на
продавниците со овој вид цигари се надвор од контрола на компанијата.
Првиот човек на македонската Царина, Ванчо Каргов, вели дека камионите со
цигари „марлборо“ биле задржани на граница, но сега контингентите се пуштени,
иако Царината се’ уште ги утврдува причините за проблемот што се појави со
увозот и царинењето на стоката.
„Цигарите се пуштени во земјава со оставен депозит за пониското царинење, кој
ќе биде вратен доколку се утврди дека се’ е во ред со пријавените давачки. Во
меѓувреме, Царината се’ уште ги испитува причините за пријавувањето на 20 отсто
помала увозна цена, што со себе повлекува и помали царински давачки.
Намалувањето на царинските давачки се рефлектира врз намалениот прилив на
средства во буџетот на земјава. Засега во процедура е испитување кои се
причините за намалување на царинската основица“, вели Каргов.
Според него, намалувањето на царинската основица би требало да се види и преку
пониски продажни цени на пазарот на цигарите, а тоа не е регистрирано.
Наместо 12,5 евра, колку што вределе 1.000 парчиња од луксузните цигари до
сега, последниот контингент е со цена од 10 евра.
„Увозната цена на фактурите кои ги придружуваат сите производи на ’Филип Морис‘
што се увезуваат во Македонија се целосно во согласност со законот и се
формираат почитувајќи ги меѓународните норми за слободна трговија. Ние во
целост соработуваме со сите надлежни институции за решавање на кои било прашања
кои би можеле да се јават во текот на увозната процедура“, информираат од
„Филип Морис“ – Скопје, притоа не прецизирајќи од кои причини е намалена
основицата за царинење на цигарите, што беше и причина за привремениот стопиран
влез на цигарите во земјава и дали намалената увозна цена ќе влијае врз
намалување на продажните цени.
Минатата година тутунскиот гигант „Филип Морис“ најави дека ќе ги намали цените
на некои видови цигари за 20 отсто во одредени земји, и тоа кратко време пред
стапување во сила на построгите законски мерки против пушењето, па
претпоставките одат дотаму што некои сметаат дека намалените увозни цени се
должат на ваквиот тренд на намалување на цените на некои брендови, меѓу кои и
„марлборо“, на најголемиот производител на цигари од САД. (А.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

